Петок ден за инфо-едукативни содржини за различни видови психоактивни супстанци (ПАС)

"The first place you go, when you're going to take a new drug, is the library."
Terence McKenna

 
Денес започнуваме со споделување на инфографици за различни видови психоактивни супстанци (ПАС). Еднаш во неделата, секој петок пред викенд ќе ве едуцираме и информираме за најчестите употребувани ПАС, „Новите психоактивни супстанци“, новите трендови на употреба на ПАС, ризиците, штетните последици и нивно безбедно користење.

Рекреативно користењето на дроги е популарен социо-културен феномен познат уште од дамнешни времиња. Најдобар начин да се заштитиш од ризиците и штетните последици од нивна употреба и да ги потенцираш бенефитите,инфомирањето за дејствата, дозирањето, траењето, начинот на безбедно користење како и мешањето и интеракција со други ПАС.

Користењето на ПАС секогаш со себе носи и ризици, затоа најдобро е да не ги користиш, но доколку се решиш да ги користиш информирај се добро пред што и да правиш и едуцирај се како безбедно да ги користиш.

Инфо-едукативните содржини се темелат на информации базирани на докази, а не на иделошка основа.