Пет причини зошто од собите за безбедно инјектирање на дроги имаат корист луѓето кои не користат дроги

Собите за безбедно инјектирање (DCRs), им овозможуваат на луѓето кои користат дроги да го прават тоа во безбедна средина, со чиста опрема и во присуство на медицински професионалци кои можат да спречат фатално предозирање. Воедно потврдено е дека се спречува ширењето на вирусите што се пренесуваат преку крв (BBVs), како што се ХИВ и хепатитис Ц.

1. DCRs обезбедуваат побезбедни улици

Пример, помеѓу 2012 и 2013 година, на улиците на Глазгов биле пронајдени речиси 2.500 отфрлени игли, вклучително и во парковите и во близина на училишта. Ова е како резултат на луѓе кои инјектираат дроги на јавни места и се без достапно место за отстранување на иглата веднаш по употреба. DCRs обезбедуваат хигиенски кутии за отстранување, така што ова не мора да се случи.

Самата природа на собите за безбедно инјектирање ја подобрува јавната безбедност. Со отворање на назначен објект за луѓето кои користат дроги за да консумираат безбедно, има помала веројатност луѓето и децата на улиците и во парковите да се повредат со инфицирани игли.

2. DCRs го намалуваат ширењето на болестите

Извештајот на Владата на Велика Британија за 2015 година покажува дека "околу половина од оние кои инјектираат психоактивни лекови се заразени со хепатитис Ц". Покрај тоа, луѓето кои некогаш инјектирале дрога се со околу три пати поголеми шанси да имаат ХИВ отколку оние кои не се.

DCRs им обезбедуваат на луѓето чисти игли и шприцеви во хигиенски средини, така што нема ризик да се стекне или да се шири инфекција во објектот. Намалување на ризикот од луѓе кои користат дроги кои се потенцијални за заразување со инфекција, го намалуваат ризикот за целото општество, бидејќи таквите инфекции можат да се шират преку секс или породување.

3. DCRs го подобруваат пристапот до итни услуги

Ако некој страда од предозирање, се убоде од нечиста игла или станува јавно насилен под влијание на дроги, службите за итна помош ќе бидат испратени за да се справат со ситуацијата на сметка на даночните обврзници. Ако ова се случи во безбедна соба за инјектирање, специјалистите за здравствена заштита и безбедност на лице место ќе се справат со такви ситуации. Полициските и амбулантските служби ќе имаат повеќе време и ресурси за да се справат со други итни случаи.

4. DCRs може да го намали криминалот

При отварање на соби за безбедно инјектирање, полицијата ќе може да се сконцентрира на сериозни кривични дела, а со самите соби може да се намали фреквенцијата на луѓето кои под дејство на дроги предизвикуваат јавни нарушувања.

5. DCRs им помагаат на луѓето да се интегрираат во легитимната економија

Тие обезбедуваат простор за решавање на општествените нееднаквости, како што се сиромаштијата или бездомништвото и можат да ги поврзат луѓето со пошироки физички и ментални здравствени услуги, и сите фактори кои можат и ги држат луѓето на маргините. DCR може позитивно да придонесе кон враќање на ранливите луѓе во општеството.

Употребата на дроги не спречува некој позитивно да придонесува за општеството. Но, со форсирање на стигмата врз луѓето кои користат дроги, ги туркаме кон работ на општеството и им го негираме секој удел во иднина.

6. DCRs спасуваат животи (заклучок)

Низ сите десет земји кои ги имплементираа овие соби за безбедно инјектирање и сите со различни модели на имплементација, ниту една личност не починала од предозирање со дрога во DCR.

Противниците на DCR тврдат дека треба да се фокусира на пристапи за ослободување од дроги и рехабилитација, наместо да се дозволи употреба на дроги. Несомнено е дека некои луѓе ќе користат дрога, без оглед на тоа што политичарите, полицијата или здравствените работници кажуваат што да прават. Најдоброто што можеме да направиме, е да се осигураме дека тие се колку што е можно посигурни кога користат дроги и да се поддржат доколку  одлучат да ја намалат нивната употреба или да апстинираат.