Отворено писмо до Нетфликс и извршниот директор

Азиската мрежа на луѓе кои користат дроги (ANPUD) и Меѓународната мрежа на луѓе кои користат дроги (INPUD), објавија отворено писмо до г-дин Рид Хестингс, главен извршен директор на Нетфликс. Во писмото, двете организации за човекови права бараат Нетфликс, веднаш да ги откаже плановите за проследување на Филипинската серија "AMO", која активно промовира убиства, вонсудски убиства, насилство и војната против дрогата на Филипините.

Двете организации веруваат дека "АМО" активно ги промовира вонсудските убиства на десетици илјади Филипинци кои се санкционирани од страна на државата, убиства на повеќе од 20.000 луѓе, што се одобрени од државата, многумина од нив  поради соменвање дека користат или продаваат дрога. Војната против филипинскиот претседател Дутерте за луѓето кои користат дроги, која честопати се нарекува "Војна на сиромашните", доведе до безнадежност и болка на стотици илјади животи, вклучувајќи илјадници лица кои се затворени под нечовечки услови.

„Прво Епл и Гугл ги направија тие неосетливи игри достапни преку нивните продавници за апликации. Сега Нетфликс го промовира Дутерте и неговата крвава војна за луѓето кои користат дроги како вистинска работа. Сериозно, што не е во ред со корпоративните сектори? " - Ананд Чабунгбам, регионален координатор на Азиската мрежа на луѓе кои користат дроги. „Епл а направи вистинската работа со отстранување на тие игри и ние навистина очекуваме ништо помалку од Нетфликс", додаде тој.

Во февруари 2018 година, Меѓународниот кривичен суд започна првична истрага за обвиненијата за злосторства против човештвото, извршени од страна на Дутерте во неговата брутална крстоносна војна против дрогата. Поддржувачите на Дутерте и неговата војна против дрогата на Филипините развиваат, масовни медиумски алатки, за да се спротивстават на националните и меѓународните критики. Различни апликации за паметни телефони, кратки филмови и телевизиски програми како "AMO" е начинот на кој Дутерте го одржува својот јавен имиџ.

Извршниот директор на INPUD, Џуди Чанг вели: „Возвишивање на  Претседателот Дутерте и војна против дрогата е глорификација на масовни убиства, убиства и кршење на човековите права. Ова има вистински импликации за предизвикување на понатамошна штета на животите на луѓето кои користат дроги, нивните семејства и заедници на Филипините и пошироко. Животот на луѓето кои користат дроги, нашите животи не се алатки и инструменти што треба да се користат за политички капитал, ниту за јавна забава ". 

#CANCELAMO