ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЛИ ГРАНТОВИ

Мрежата за социјално зајакнување на млади во ризик (ARYSEN – At Risk Youth Social Empowerment Network) со поддршка од Европската унија објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЛИ ГРАНТОВИ

Целта на отворениот повик е да придонесе за подобрување на социјалната инклузија на децата и младите во ризик во Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово преку зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО) во обезведувањето на услуги и унапредувањето на локалните и националните политики и практики, или поспецифично:

  • Зајакнување на капацитетите меѓу релевантните чинители и ГО за работа со деца и млади во ризик, пред сѐ деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или имаат конфликт со законите, кои се без родителска грижа, деца и млади на улица, како и деца и млади Роми;

  • Воспоставување, одржување, проширување или подобрување на услугите достапни за децата и младите во ризик поврзани со социјална заштита и инклузија, образование, вработување, здравствена зашита, безбедност, еднаквост, почитување на права и пристап до правда;

  • Подобрување на пристапот до податоци и унапредување на свеста, политиките и практиките за социјално вклучување на децата и младите во ризик на локално или национално ниво.

Преку отворениот повик ќе бидат доделени вкупно 210.000 евра, односно 35.000 евра во секоја од земјите во регионот.

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го координира доделувањето на грантови за апликациите кои се однесуваат на Македонија и ќе го надгледува спроведувањето на проектите за кои ќе бидат доделени средства.

Максималната сума за која може да се аплицира изнесува  10.000 евра и не треба да надмине 90% од вкупните трошоци за спроведување на проектите кои би траеле од 4 до 7 месеци.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 22 октомври 2018 година, 23:59ч. (со напомена дека приемот „на рака“ во канцеларијата на ХОПС може да се изврши до 14:00ч.).


Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање, како и целокупнагта потребна документација се достапни во ВОДИЧОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ.
Основниот пакет за аплицирање се состои од: