Оглас за ангажирање на теренски истражувачи

Здружението ХОПС - Опци за здрав живот Скопје за потребите на проектот “Prevention of HIV transmisions and drug use among resident population in the cross-border area” објавува оглас за ангажирање на теренски истражувачи.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA), Компонента 2: Меѓугранична соработка (CBC), помеѓу Република  Македонија и Косово.
 
Локација: Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово
Времетраење на ангажманот: 3 месеци
Број на работни места: 4

Детални информации за описот на работни задачи можете да ги најдете на следниов линк.
 

Клучни работни обврски:

Главна улога на теренските истражувачи е да спроведат соодветно теренско истражување врз основа на претходно подготвена методологија и согласно временската рамка и предвидените цели, преку:

    •    испраќање барања за доставување официјални документи во кои се содржани стратегиите и акциските планови до локалната самоуправа и до локалните здруженија на граѓани,
    •    собирање и систематизирање на собраните податоци,
    •    идентификување на потенцијални извори на информации меѓу клучните претставници на локалната самоуправа и на локалните здруженија на граѓани надлежни за превенција на ХИВ/СИДА,
    •    спроведување интервјуа со клучни претставници на локалната самоуправа и на локалните здруженија на граѓани надлежни за превенција на ХИВ/СИДА,
    •    водење евиденција за испратени барања и примени одговори од надлежните институции и организации,
    •    изготвување теренски белешки за секоја теренска единица поединечно,
    •    репортирање на теренските податоци до главниот истражувач,
    •    вршат други задачи што се однесуваат на теренското истражување.
 
Потребни квалификаци:

    •    Завршени додипломски студии релевантни од областа;
    •    Вештини за идентификување и регрутирање на субјекти значајни за истражувањето;
    •    Вештини за планирање состаноци и водење интервју;
    •     Етнографски вештини за собирање податоци;
    •     Минимум 2 годишно работно искуство на полето на истражување;
    •    Познавање на невладиниот сектор во Македонија и локалните самоуправи;  
    •    Одлично познавање на македонски јазик (усна и писмена професионална кореспонденција);
    •    Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
    •    Искуство во работа на полето на ХИВ.
 
Секоја заинтересиран кандидат треба да поднесе:
1. Копија од соодветно завршено образование;
2. Кратка биографија;
3. Детали од работните обврски по позици во последните 3 години;
4. Писмо за мотивација;
5. Референци од претходни публикации.
 
Вашите документи можете да ги испраќате на македонски јазик и по електронска пошта: vaskac@hops.org.mk, најдоцна до 12.02.2015 година. Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 16. 02. 2015 година.