Оглас за ангажирање на медицинскo лице во ХОПС

Здружението ХОПС- Опции за здрав живот Скопје, за потребите на Програмата сервиси: „Намалување на штети од употреба на дроги“, објавува  оглас за ангажирање на медицинскo лице со работно време од 4 часа дневно.
 
Работни обврски:
  • Базичен третман на воспаленија, рани и повреди од долготрајно и неправилно инјектирање;
  • Едукација и советување за видови на дроги, штетни последици од употребата на дроги, превенција на ХИВ, Хепатитис Б и Ц и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции;
  • Мотивирање на клиентите за лекување со постоечките модели на третман на зависности од дроги во РМ;
  • Препраќање на клиентите до соодветни институции;
  • Теренска работа според потребите на клиентите;
  • Евиденција на медицински интервенции согласно протоколите на ХОПС;
  • Подготовка на месечни, тримесечни и годишни извештаи.
 
Потребни квалификации:
  • Завршено средно медицинско училиште (медицинска сестра/медицински техничар);
  • Мотивација за работа на полето на зависности;
  • Подготвеност за работа со ранливи групи.
  • Завршен медицински факултет, искуство   во   работа   на   полето   на   зависности  и претходна практична работа ќе се смета за предност.
Најдоцна  до  07.02.2018  година  (среда)  сите  заинтересирани кандидати  треба  да достават своја  работна биографија и  мотивационо писмо,  по  електронски пат  на следнава адреса: silvanan@hops.org.mk .
 
*Само  кандидатите/тките кои  ги  исполнуваат наведените критериуми ќе  бидат  повикани на дополнителен разговор.