Оглас за ангажирање на експертско лице

Здружението ХОПС - Опци за здрав живот Скопје за потребите на проектот “Prevention of HIV transmisions and drug use among resident population in the cross-border area” објавува оглас за ангажирање на Главен истражувач.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA), Компонента 2: Меѓугранична соработка (CBC), помеѓу Република  Македонија и Косово.
 
Локација: Скопје
Времетраење на ангажманот: 6 месеци

Детални информации за описот на работни задачи можете да ги најдете на следниов линк.

 Клучни работни обврски:


Главна улога на Главниот истражувач е да обезбеди ефикасно и ефективно истражување во областа на постоечките стратегии и практики, како и за актуелниот систем за поддршка за превенција од ХИВ, на заедниците во Македонија, согласно временската рамка и предвидените цели, преку:

    •    Изготвување методологија за истражување;
    •    Соодветна обука на тим од теренски истражувачи;
    •    Следeње на работата, комуникација и координација на теренскиот тим од истражувачи;
    •    Интензивна комуникација со истражувачкиот тим од Косово, локалните партнер организации во Куманово, Тетово и Гостивар, како и главниот носител на проектот ХОПС - Опци за здрав живот Скопје;
    •    Обработка на податоците од теренските истражувања;
    •    Анализа на постоечки документи на локално и национално ниво од областа на истражувањето, од страна на локалните самоуправи, брз преглед на литература.
    •    Анализа на постоечки практики од страна на граѓанскиот сектор и јавните институции од областа на истражувањето;
    •    Изработување на извештај врз основа на анализата и истражувањето;
    •    Учество во изработка на компаративна анализа со истражувачкиот тим од Косово;
 
Потребни квалификаци:

1. Завршени магистерски студии релевантни од областа (медицински и/или хуманистички науки);
2. Минимум 5 годишно работно искуство на полето на истражување и на проекти од меѓународни донатори;
3. Познавање на невладиниот сектор во Македонија;  
4. Одлично познавање на македонски и англиски јазик (усна и писмена професионална
кореспонденција);
5. Искуство во работа на полето на ХИВ.
 
Секоја заинтересиран кандидат треба да поднесе:
1. Копија од соодветно завршено образование;
2. Кратка биографија;
3. Детали од работните обврски по позици во последните 3 години;
4. Писмо за мотивација;
5. Референци од претходни публикации.
 
Вашите документи можете да ги испраќате на македонски јазик и по електронска пошта: vaskac@hops.org.mk, најдоцна до 12.02.2015 година. Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 16. 02. 2015 година.