Оглас за ангажирање на асистент/-ка на проект

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање на асистент/-ка на проект.

Потребни квалификации:
  • Најмалку една година искуство во работа со проекти.
  • Одлични вештини за писмено изразување и за комуникација.
  • Познавање на OS Windows, MS Office, Интернет и социјални мрежи.
  • Одлично познавање на македонски и на англиски и јазик (говорен и пишан).
  • Добри административни и организаторски вештини.
  • Конкурентски предности

Успешниот кандидат(ка) треба да биде во состојба, ефикасно да управува со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да има силни интерперсонални вештини, да може да извршува повеќе рутински задачи,  да извршува административни задачи, да располага со самодоверба, да согледува детали, да негува добри колегијални во работниот колектив, да има слобода за чести патувања надвор од местото на живеење, да биде отворен/-а за прифаќање на различностите, да се согласува со мисијата и со вредностите на ХОПС.

Период на ангажман: 16 месеци, со пробен период од 2 месеци.
Месечниот бруто хонорар изнесува 600 УСД во денарска противвредност.

Клучните активности во проектот се: застапување, истражување и одржување на состаноци.
Асистентот/-ката на проектот:

  • Извршува општи административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: подготовка и уредување на документи, логистичка поддршка, водење на административна документација за проектот, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.
  • Документира и ажурира информации.
  • Комуникацира со други надлежни институции и организации.
  • Присуствува на состаноци и поднесува усни или писмени извештаи со заклучоците од тие состаноци.
  • Организира и раководи со разни настани и активности, вклучувајќи и состаноци и обуки.
  • Помага во изготвување и во уредување на различни документи и презентации.
  • Исполнува други задачи неопходни за успешно спроведување на проектот.
Кандидат(к)ите треба да ја приложат следнава документација
  1. Пропратно (Мотивациско) писмо 
  2. Куса биографија (CV)
Краен рок за поднесување на пријавите: 29 август 2018 година, до 12:00 часот.
Пријавите може да се испратат на следната електронска адреса: hops@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Христо Смирненски“ 48/1-6, 1000 Скопје.

Кандидатите/ките кои ќе бидат повикани на интервју ќе бидат известени на 30.08.2018 година. Интервјуата ќе бидат закажани на 31.08.2018 година во просториите на ХОПС.

Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.