Одржана дебата на тема „Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија“

На 5.2.2015 година, во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар беше одржана дебата на тема „Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија“.

На дебатата, преку примери на активизам кај луѓето кои користат дроги и кај ЛГБТ (лезбејки, геј, бисексуалци и трансексуалци) беа дискутирани најгорливите прашања кои ги ограничуваат овие општествено-маргинализираните заедници самостојно да се борат за остварување на сопствените права и за хуман третман во општеството.

Споредбата на примерите за активистички акции од блиското минато со актуелната ситуација во последниве неколку години покажа дека ентузијазмот и иницијативноста за активистички ангажман се намалени пред се кај лицата кои употребуваат дроги. Како главна причина за ваквата состојба беше доминантниот систем на вредности кој особено се наметнува во последниве неколку години и со кој се стигматизираат сите луѓе кои не се дел од ваквите вредности. Како клучни чинители за поактивен ангажман на општествено-маргинализираните заедници се наведоа:

    •    потребата од меѓусебно запознавање, поддршка и солидарност со веќе развиените активистички движења,
    •    потребата од превземање одговорност за личните постапки и јавно изразени ставови
    •    вклучување на што поголем број на различни личности кои се дел од овие заедници

Конечниот заклучок беше дека потребите на општествено-маргинализираните заедници само со организиран настап може да станат легитимни политички прашања.

Говорници на дебатата беа: 
Жарир Симрин, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Влатко Деков, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Славчо Димитров , Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

Организатори на дебатата беа Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организираат дебата на тема „Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија“.