Одборот на Глобален фонд избра претседател и заменик-претседател

 
Кигали, Руанда - Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија ја избра Аида Куртовиќ за свој нов претседател, по службата како заменик-претседател во изминатите две години. Куртовиќ, која е од Босна и Херцеговина е избрана за мандат од две години за време на состанокот на Управниот одбор кој е хостиран од страна на владата на Руанда, меѓу кои е и извршниот директор на ХОПС, Христијан Јанкулоски.
 
Претседателот на Руанда, Пол Кагаме се обрати на Одборот на отворањето на средбата и ја истакна важноста и потребата од зајакнување на системите за здравство, како и ориентирање на финансиска поддршка околу стратешкиот план на земјата за здравје и на долгорочно подобрување преку постојано учење.

Глобалниот фонд изрази длабока благодарност до претседателот Кагаме за добредојде на членовите на одборот на Глобалниот фонд на Руанда, и уште поважно за водење на голем напредок во здравството и значително подигнување на животниот век преку сериозна работа и концентрирани инвестиции.

Пред да биде заменик-претседател Куртовиќ во текот на изминатите две години е член на Управниот одбор, и е вклучена во многу активности и механизми поврзани со Глобалниот фонд во Босна  и Херцеговина.
Куртовиќ е извршен директор на „Партнерства во здравство“, организација во Сараево, чија мисија е помагање институции да се изгради капацитет и да се постигне одржливо подобрување на квалитетот на основните здравствени услуги и менување на животот на ранливото население. Организацијата е силно фокусирана на ХИВ тестирање, советување и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ меѓу другите услуги.  Како претседател на бордот, Куртовиќ го наследи Норберт Хаусер од Германија, чиј што мандат започна во април 2015.

Амбасадор Џон Симон, е избран како заменик-претседател на Управниот одбор. Тој е истакнат владин претставник со специјална експертиза во иновативни финансии, и е моментално основач и партнер кој управува со Total Impact Capital, фирма за инвестирање. Тој служел како амбасадор на Соединетите Држави на Африканската унија и како извршен потпретседател на корпорација за надворешни приватни инвестиции (ОПИК).

Во ОПИК, амбасадорот Симон се залагал за влијателно инвестирање, вклучувајќи ги и напорите да се развие серија на социјалните фондови за развој за Африка. Амбасадорот Симон претходно работел и како виш директор во Советот на САД за национална безбедност и како специјален помошник на претседателот.

"Глобалниот фонд може да ја преземе водечката улога во иновативни финансии", рече амбасадорот Симон. "Јас ќе работам со Управниот одбор и на Секретаријатот за да видиме како можеме да бидеме катализатори колку што е можно повеќе."