Обука за „Организациски развој и системи за обезбедување квалитет во граѓанските здруженија“

Од 26 до 28 септември 2018 година во Охрид се одржува обука за „Организациски развој и системи за обезбедување квалитет во граѓанските здруженија.“

Оваа обука е прва од серијата обуки за одржливи здруженија на граѓани и овозможува преглед на сите елементи од клучните предизвици со кои се соочуваат здруженијата на граѓани при своите напори за создавање креативна, доверлива и професионална структура. Обуката ја организираат и ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество од Македонија и Центарот за информациски услуги, соработка и развој на здруженијата на граѓани од Словенија.

Учесници од ХОПС на оваа обука се Вања Димитриевски и Васка Колевска Костовска.