Објавени резултатите од истражувањето „Психотерапија со МДМА третман за социјална ансиозност кај возрасни лица“

Списанието Psychopharmacology, на 8ми септември оваа година ги објави резултатите од истражувањето во кое учествуваа вкупно 12 испитаници, на тема „Психотерпија со МДМА – третман за социјална ансиозност кај возрасни лица“.
 
На 8ми септември 2018 година, резултатите од првото клиничко истражување за психотерапија со МДМА како третман за социјална анксиозност, беа објавени во рецензираното списание Psychopharmachology. Сите 12 испитаници кои учествуваа во пилот студијата беа возрасни лица низ спектарот на аутизмот, популација која има заедничко искуство сериозна социјална анксиозност.

Спонзорирана од страна на мултидисциплинарната асоцијација за психоделични студии ( Multidisciplinary Association for Psychedelic Studies  - MAPS ), студијата наиде на значајни и трајни намалувања во појавата на социјалната анксиозност по само две сесии на психотерапија во која што се користи и МДМА, покрај дополнителни и интегративни сесии без МДМА. Студијата исто така ја демонстрираше и безбедноста на ограничена доза на МДМА контролирана од страна на терапевти. Во оваа студија, психотерапијата во која се користи МДМА, нема намена да се користи за лекување на аутизмот, туку за социјална анксиозност кај возрасни лица со аутизам.


Истражувањето го спроведоа др. Чарлс Гроб, и др. Алисија Данфорт, на Институтот за биомедицински истражувања во Лос Анџелес, во Харбор – UCLA Медицински центар, и беше спроведено во соработка со ФДА), Drug Enforcement Administration и етичките одбори.

Студијата наиде на намалување во појавата на социјална анксиозност која била значително помала кај оние испитаници кој што користиле МДМА во сесиите, отколку оние кај што бил применет пласибо ефектот ( односно психотерапија без MDMA ). Во просек учесниците во пласибо групата искусиле намалување од 19.3 поени на скалата на Лајбовиц за социјална анксиозност (LSAS), споредено со 44,1 во групата кај која била користена МДМА.

„Она што беше од особено значење за многумина од учесниците по завршувањето на третманот беше зголемента самодоверба во интеракцијата во социјални средини, за кое што во минатото го искусиле како тешкотија,” изјави Др. Гроб.

„Ние се надеваме дека оваа студија ќе помогне во создавањето на подлога за понатамошни истражувања каде што ќе се истражува безбедноста и ефикасноста на МДМА во третманот за социјална анксиозност кај ранлива популација на пациенти”

Образложението за ова испитување, спроведено од Др. Алисија Данфорт во нејзиното докторско истражување, за искуството со користење на МДМА кај возрасни аутистични лица. Во оваа анкета, 91% од учесниците пријавиле  “зголемено чувство на емпатија/поврзаност” и 86% се соочиле со “леснотија при комуникација” по користењето на МДМА ( или екстаза ).

Слични на претходни истражувања, но во поинакви услови, студијата индицирала на прифатлив профил на ризик за МДМА, и меѓу најчестите несакани реакции кои биле забележани за време на експерименталните сесии биле анксиозноста и потешкотии при концентрација. Учесниците исто така истакнале дека чувствувале замор, главоболка и студ. Не биле забележена посериозни несакани реакции. Привременото покачување на пулсот, крвниот притисок и температурата беа забележани за време на сесиите во кои што се користеше МДМА, но не беше побарана медицинска интервенција во однос на овие покачувања.

„Се надеваме дека безбедниот профил и охрабрувачкото намалување на симптомите на социјалната анксиозност ќе инспирираат финансирања за нови и поголеми студии,” изјави Др. Данфорт.

„Со нетрпение чекаме да го пренесеме она што ние го научивме со другите истражувачи и заедници посветени на подобрување на квалитетот на грижата за возрасни лица со аутизам и другата популација која се соочува со социјална анксиозност.”

Учесниците изјавија дека имаат намалени бариери за успешни социјални интеракции и зголемена доверба во училиштето, на работа, во другарството и во романтичните врски по завршувањето на психотерапијата со МДМА.

„Се почувствував како да го доживувам најдоброто од себе и како да го гледам светот за прв пат и како да се гледам себеси за прв пат”, изјави еден од учесниците. Друг од учесниците изјави “Сфатив дека комуникацијата не е само зборување. Сега ми е потребно време за да ги забележам моите емоции како и емоциите на другите пред да започнам разговор”

Аутизмот се однесува на спектар на вродени и продорни неврокогнитивни варијанти. Лицата со аутизам честопати се соочуваат со тешкотии во областа на социјалната интеракција, честопати вклучувајќи ја и социјалната анксиозност. Во моментов не постојат фармаколошки третмани одорбрени од ФДА за аутистични возрасни лица со социјална анксиозност, а конвенционалните лекови против анксиозност често се неефикасни кај оваа популација.

Написот за The Psychopharmachology го напишаа д-р Алисија Л. Данфорт, д-р Чарлс С. Гроб, д-р Кристофер Струбл, д-р Алисон А. Федуција, Ник Вокер, д-р Лиза Џером, Д-р Јазар-Клосински и Еми Емерсон.

Основана во 1986 година, МАПС е непрофитна истражувачка и образовна организација која развива медицински, правни и културни контексти за луѓето да имаат корист од внимателна употреба на психоделици и канабис. Од своето основање, МАПС собра повеќе од 47 милиони долари за психоделична терапија и истражување и едукација за медицински канабис. За повеќе информации, посетете ја веб страната на maps.org.

Клиничките испитувања спонзорирани од МАПС ги спроведува MAPS Public Benefit Corporation, подружница во целосна сопственост наМАПС која е формирана во 2015 година за посебна намена за балансирање на социјалните бенефиции со приход од легална продажба на МДМА, други психоделици и канабис.