Новогодишна работилница во „Центарот за деца" - ХОПС

На 26.12.2014 во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација на лицата кои употребуваат дрога и нивните семејства, се одржа настан по повод Нова година и новогодишните празници. Беше организирана креативна работилница на која децата кои го посетуваат центарот, заедно со своите родители, изработија новогодишни честитки на кои ги испишаа своите желби и заедно ја накитија новогодишната елка. Настанот заврши со делење на новогодишни пакетчиња.