Новиот извештај на ОН открива дека Велика Британија е најголемиот светски производител на медицински канабис

Новиот извештај на Меѓународниот одбор за контрола на наркотици на ОН откри дека Велика Британија е најголемиот светски производител и извозник на правен канабис за медицински и научни цели. Иако соодветниот пристап до медицинскиот канабис сè уште не е дозволен за пациентите од Обединетото Кралство.

Извештајот кој ги вклучува податоците од владите ширум светот, открива дека Велика Британија произвела 95 тони правен канабис во 2016 година. Ова е двојно повеќе од 2015 година во вкупно 42 тони, при што Велика Британија ја прескокна Канада за едно место.

 Оваа вест може да дојде како изненадување за многумина, имајќи предвид дека Владата на Велика Британија постојано одбива да дозволи медицинска употреба на канабис во Велика Британија врз основа на тоа дека нема "терапевтска вредност". Владата негира дека канабисот има медицинска намена, но истовремено лиценцира производство на најголемиот светски либерален производствен и извозен пазар за медицински канабис. Медицински производи од канабис лиценцирани во други земји остануваат нелегални во Велика Британија, дури и кога е пропишано од страна на лекар кој го определува како потреба за пациентот.


Стив Ролс, аналитичар на Transform, изјавил:

„Тоа е скандалозно и неодржливо за владата на Велика Британија, да се тврди дека канабисот нема медицинска употреба, во исто време одбрено е медицинско производство на канабис и извоз на пазарот.“

„Пациентите во Обединетото Кралство им е забарнет пристап и страдаат непотребно или се принудени да купуваат канабис од криминалниот пазар. Земјите со соодветен пристап до медицински канабис го немаат овој проблем, бидејќи стандардните производи од канабис се во рацете на лекарите и фармацевтите.“

 „Тоа е длабоко неетичко и кршење на основното право на здравје, да негира пристап до лекови кои се пропишани од нивните лекари. Владата мора да ги олабави рестрикциите што му даваат монопол на еден производ на една компанија. Таа мора да дозволи пристап до лекови базирани на канабис кои им служат на потребите на пациентите - она што не им е потребно е суровата и погрешна владина војна кон луѓето кои користат дроги ".