Норвешкиот парламент гласаше за декриминализација на употребата на дроги

Во Норвешка, корисниците кои ќе бидат  фатени со мали количини дрога - од канабис до хероин и сè што е помеѓу - нема да бидат уапсени или обвинети, туку ќе им бидат понудени третмани. Овој потег е инспириран од неодамнешната посета на Португалија од страна на владин комитет за здравство на Норвешка. 

Во извештајот на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога претходно оваа година се констатира дека 8,6 проценти норвежани на возраст од 16 до 34 години користеле канабис во изминатата година,  2,2 проценти користеле кокаин и 1,2 проценти користеле МДМА (екстази). Во извештајот се наведува дека во Норвешка имало повеќе од 48.000 прекршувања на законот за дрога, додека во земјата во 2014 година се случиле 266 смртни случаи од предозирање со дрога.

Парламентарниот резултат, ја декриминализира нелегалната дрога во Норвешка. Тоа значи дека владата треба да започне да ги менува законите за да го одрази исходот од гласањето. Планот е поддржан од мнозинството од норвешкиот парламент, познат како Стортинг.

„Владата ќе престане да ги казнува луѓето кои користат дроги и ќе им биде понудена помош и третман“ - изјави портпаролот на партијата Социјалистичка левица, Николас Вилкинсон.

Заменик-претседателот на комитетот за здравје на Стортинг, Свеми Стенсленд, изјави дека Норвешка нема да ги легализира доргите, туку ќе ја декриминализира нивната употреба.

Португалија ги декриминализирала дрогите во 2001 година. Наместо да ги казни или затвараат корисниците на дрога кај кои се пронајдени мали количини дрога, владата почнува да ги става на програми за лекување и третман. Воедно од 2001 до 2012 година, нагло се намалени смртните случаи поврзани со дрога, случаите на ХИВ и СИДА кај корисниците на дрога и општите стапки на употреба на дрога.