Не сме сами! Посвети за луѓето кои ги загубивме од предозирање

31-ви август е Меѓународен ден за подигање на свеста од предозирање. Секоја година губиме илјадници луѓе од предозирање со алкохол, легални дроги препишани од доктори како резултат на некоја траума или болка, воедно и нелегални дроги. На овој ден сакаме да повториме дека трагедијата од предозирање може да се спречи. 

Пред две години имавме ивент во кој пишувавме посвети за оние кои ги изгубивме од предозирање, решивме оваа година истото да го повториме. А посветите се прекрасен начини на изразување на нашата љубов кон оние што ги загубија животите од предозирање. Животи кои ние секогаш ќе ги вреднуваме и славиме. А со ова сакаме да повториме дека овој проблем не е невидлив. Ова може да се случи на луѓето кои ги сакаме. 

Ајде во името на нашите другари и другарки, родители, браќа, сестри, љубови да им посветиме повторно убави зборови, да им одадеме почит на овој ивент, да испратиме поддршка на семејствата, да кажеме каде грешиме, што треба да промениме, да покажеме дека не сме единствени, да кажеме колку ни фалат и што можеше да биде поинаку.

И оваа година ќе ги користиме хаштазите #OverdosedayMacedonia и #ХОПС при самите посвети. Оние кои сакате да останете анонимни пишете ни посвета во инбокс на нашата страна и ќе ги испратиме во Ваше име. Воедно можете да испратите посвети и на твитер со споменување на нашиот акаунт (hops_mk) или горенаведените хаштази.

По овој повод, во нашите центри за намалување на штети ќе се собреме со нашите клиенти за да го одбележиме овој ден, да поразговараме за нашите најмили, за знаците од предозирање и да пробаме да ја подигнеме свеста за предозирање и да ја намалиме стигмата поврзана со смртта од дроги, а воедно да ја пренесеме важноста за Налоксон, лек кој спасува животи. 

Средби во нашите центир во:
Шутка од 11- 13 часот
Кисела Вода од 11 - 13 часот