Наскоро проекција на кратки филмчиња како и дискусија за намалување на штети од дроги со Еди Еинбиндер

Наскро во организација на ХОПС ќе се одржи проекција на кратки филмчиња како и дискусија за намалување на штети од дроги, која ќе ја држи Еди Еинбиндер.  

Се' што е во документарците е сосема реално. Секогаш едукативни и понекогаш шокантни. Во документарците корисниците на дрога се обидуваат да ги преземат сите неопходни мерки на претпазливост при користење на нивниот избор на дроги. Опфатени се следниве супстанции: Адерал, алкохол, цигари, пури, кокаин, DMT, хероин, кетамин, ЛСД, марихуана, MDMA, метамфетамин, печурки, азотен оксид, Oxycontin и Salvia.

Од 2008 година Еди започнува со презентирање на стратегиите за намалување на штети и превенција од предозирање со дроги во над 200 институции и конференции низ целиот свет. Предавања се одржани на врвни универзитети, средните училишта, бездомници, младински клиники. Настани се хостирани и од страна на приватни групи на родители и ученици.


Презентациите се прилагодени на потребите на публиката и секогаш вклучуваат комбинација на филмски проекции, предавања, отворени дискусии. Темите се извлечени од неговата книга, документарен филм, истражувањата и клиничко искуство од работата со млади.

Се повеќе и повеќе заедници го бараат овој тип на прогресивни едукации. Еди е психотерапевт за намалување на штети, а од септември 2015 година тој ги прави овие активности преку Центарот за оптимално живеење.  Исто така нуди индивидуална и групна терапија, со посебен фокус на младите луѓе.
Еди стои зад насловот на книгата „ How to Have Fun and Not Die “ воедно и филмот „Play safe“.

Наскоро ќе го направиме ивентот на кој ќе има детали за локација и време.