„Налоксон" - кршење на стигмата

Лекот што може да ја смени дисфункцијата на дишењето  (НАЛОКСОН) предизвикан од предозирање со опиоид треба да е достапен во сите аптеки во светот, амбуланти или во центрите за намалување на штети од дроги кои ќе имаат постојан налог од државата да го дадат без рецепт.

И покрај широкото проширување на употребата на налоксон од страна на корисниците на дрога, луѓето сѐ уште се плашат да бидат видени како го земаат лекот за превенција од предозирање со опиоиди. Купувањето на налоксон за многумина значи дека корисникот или користи опиоиди или зема хероин или фентанил и оваа стигма поврзана со добивањето на овој лек ги одвраќа луѓето за да го земат и имаат со себе.

Многумина сметаат дека стигмата околу употребата на опоидните супстанции и предозирањето од истите ја поттикнува опиоидни епидемија и ги држи луѓето што се борат со нарушувања од употребата на супстанции и нивните семејства засрамени, замолчени и небезбедни.


Погледнете го овој краток едукативен филм каде се рушат табуата поврзани со раса, класа, стигма, она што повеќето го сметаме за нетрадиционално предозирање со опијати.