Националните експерти се сретнаа да направат преглед на ситуацијата со вирусниот хепатит во земјата

Во март во Скопје се одржа првиот консултативен состанок за подготовка на акциски план за превенција, контрола и справување со вирусен хепатит.

Националните експерти меѓу кои и Извршниот директор на ХОПС- Христијан Јанкулоски, се сретнаа да направат преглед на ситуацијата со вирусниот хепатит во земјата и досегашниот начин на справување со овој проблем, со цел дефинирање на проблемот преку споделување на достапни податоци и информации за големината, обемот, карактеристиките и последиците од вирусниот хепатит, за да се идентификуваат предизвиците и можностите, да се одредат стратешките приоритети (цели, активности) во следните 4 години врз основа на регионалните и глобалните акциони планови на СЗО.