Национална обука за работа со деца и млади кои употребуваат психоактивни супстанции


Oд 6 до 9 ноември, во Берово се одржува „Национална обука за работа со деца и млади кои употребуваат психоактивни супстанции“. На обуката присуствуваат професионалци од Меѓупоштинските центри за социјална работа од Скопје, Битола и Охрид, Домот за деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје, Воспитно поправниот дом Тетово, Народниот правобранител на РМ, ХОПС, Опција - Охрид, Виа Вита - Битола, Избор Струмица/Гевгелија, Младински клуб Штип и Црвен крст Охрид. 

Преку денешните сесии, прим.д-р. Славица Гајдазис Кнежевиќ на учесниците им ја  доближува проблематиката со употреба на психоактивни супстанции и зависнот, како и спецификите во работата и комуникацијата со деца и млади. ХОПС ја спроведува оваа обука во рамки на регионалниот проект #YouthARYSE за Социјално зајакнување на млади во ризик, поддржан од Европската унија.