На жените им се потребни подобри опции за третман од дроги

Меѓународниот одбор за контрола на наркотици (INCB) е тело на Обединетите нации кое мониторира како членките ги спроведуваат меѓународните конвенции за контрола на дроги. Во својот годишен извештај, кој беше претставен во Берлин, INCB ја анализира состојбата на глобалната употреба на дроги и обезбедува голем број на препораки за да им помогне на земјите да преземат контрола за прашања поврзани со дроги меѓу нејзините граѓани.

Извештајот за оваа година е фокусиран особено на употреба на дроги меѓу жените и девојките. Причина е зголемената употреба на дроги кај жените отколку кај мажите. Предозирањето кај жените исто така е зголемено и се' повеќе жени се уапсени за кривични дела поврзани со дрога. Но, додека една третина од глобалните корисници на дроги се жени и девојки, само една од пет жени примаат третмани за намалување на штети.


INCB во извештајот ги повикува земјите да развијат политики за дроги за превенција кои се родово специфични. Во денешницата скоро и да нема истражување кое се фокусира на разликите во употребата на дроги меѓу мажите и жените. Тоа е причината зошто во извештајот, меѓу другото се препорачува дека земјите мора да почнат со собирање на родово специфични информации за корисници на дрога, и да се даде приоритет на здравствена заштита на жените зависници од дрога.

Вернер Сип е претседател на INCB кој во интервју за VICE говори за овогодинешниот извештај, за кој вели дека има цел да нагласи колку е важно да се видат политиките и програмите поврзани со дроги преку родовата призма. Достапните податоци кои се прилично ограничени покажуваат дека има зголемување на бројот на жени меѓу младите корисници на дрога и помеѓу затворениците кои се затворени за кривични дела поврзани со дрога. Воедно жените добиваат ретко соодветен третман специфичен за нив. Тој нагласува дека третманот за жени е поразличен бидејќи некои лекови имаат различен ефект на женски тела од машките тела, што резултира со повисока стапка на смртност кај жените.

Во повеќето делови на светот, кога мајка оди во затвор за употреба на дрога или за поседување има многу поголемо влијание на семејството отколку кога татко оди во затвор. Жените имаат системска социјалната обесправеност кога тие се обидуваат да добијат пристап до третман поради употреба на дроги. Причината за тоа е посуровото судење за злоупотреба на дроги одколку кај мажите. Особено мајките имаат страв да побараат шанса за третман поради стравот од губење на старателството над своите деца. Вернер како опција за да се реши овој проблем го дава предлогот да се понудат повеќе услуги за третман исклучиво за жени. Како примерот во Иран кој воведе третмани само за жени.