Може ли МДМА да биде функционален третман за алкохолизам?

Започнаа клиничките испитувања за употреба на МДМА како потенцијален третман за алкохолизам во Велика Британија. Студијата е прва од ваков вид и може да навлезе во ерата на ефикасни медицински третмани за нарушувања од алкохолот.

Студијата ја предводат истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон и се состои од 20 волонтери кои присуствуваат на осум тераписки сесии, од кои две сесии ќе бидат третман со МДМА, објави Гардијан

Истражувачите испитуваат дали неколку дози на дрогата, заедно со психотерапијата, би можела да им помогне на пациентите да ја надминат зависноста поефикасно од конвенционалните третмани. Инаку сите волонтери се тешки алкохоличари. Волонтерите ќе бидат следени на три, шест и девет месеци.

МДМА е синтетичка дрога, која делува како стимуланс и е халуциногена. За да почне да делува потребни се 45 минути, а врвот на ефектот трае од 15 минути до половина час, иако резидуалните ефекти можат да се почувствуваат уште неколку часа. Дрогата е слична на екстази, исто така позната како Моли, но екстази таблетите имаат различни количини на МДМА, поради мешање со други дроги, додека МДМА е чист 3,4-метилендиокси-метамфетамин.

Бен Сеса, клинички психијатар на истражувањето и виш научен соработник на Кралскиот колеџ во Лондон, вели: "Знаеме дека МДМА навистина функционира во помагање на луѓето кои претрпеле траума и помагаат да се создаде емпатија. Многу од моите пациенти кои се алкохоличари претрпеле некаква траума во минатото и ова игра улога во нивната зависност ".

Алкохолното растројство не е првата ментална здравствена состојба, за која истражувачите сметаат дека МДМА може да помогне. На пример, во 2016 година, ФДА одобри неколку испитувања за користење на МДМА како потенцијален третман за посттрауматско стресно нарушување. Покрај тоа тестиран е потенцијалот на МДМА во лекувањето на депресија и анксиозност.

Истржувањето е во тек, со што се очекуваат резултати подоцна.