Меѓународната конференција за намалување на штети оваа година во Порто

Меѓународната конференција за намалување на штети (HRI) и АПДЕС објавуваат дека 26-тата меѓународна конференција за намалување на штети #HR19 ќе се одржи во Порто, Португалија од 28 април до 1 мај 2019 година.

За меѓународните посетители, оваа конференција претставува единственатa можност да се запознаат со придобивките и научените лекции од прогресивниот пристап на Португалија кон политиките за дроги и намалување на штетите, што вклучува декриминализација на поседувањето и употребата на сите дроги.

Од 2001 година, земјата ни покажува дека декриминализацијата во партнерство со намалување на штети може да ја намали стапката на ХИВ и предозирање, а да го зголеми пристапот до витални здравствени и социјални услуги. Пристапот исто така истакнува дека во креирање на политиките, потребно е да се вклучат луѓе кои користат дроги како и во други одлуки во врска со нивното здравје и права.

Конференцијата е исклучителна можност за групите од заедницата, мрежите на луѓе кои користат дроги, давателите на здравствени и социјални услуги, спроведувачите на законот, функционери, академици и пошироката популација да го видат прогресот и иновациите од целиот свет и да ја споделат својата сопствена експертиза и искуство со глобалната публика. HR19, исто така ќе обезбеди ретка можност за вмрежување меѓу намалувачите на штети од земјите на Lusophone.

Конференцијата се случува еднаш на секои две години во друга земја низ светот, Меѓународна конференција за намалување на штети е единствениот глобален состанок за споделување на знаења, вмрежување и дискусија за најдобрите практики во областа на намалување на штети. На последната конференција во Монтреал во 2017 година присуствувале повеќе од 1000 делегати од повеќе од 70 земји, вклучувајќи медицински експерти и експерти за политики, практичари за намалување на штети, активисти и луѓе кои користат дроги.