Марш за правата на жените

Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права нѐ канат на вториот „Марш за правата на жените” кој ќе се одржи по повод Меѓународниот ден на жената на 8 март, 2018, со почеток во 12.00 часот тргнувајќи од Жена Парк. 

Маршот за правата на жените се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од Жена Парк, преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а ќе заврши на плоштадот Филип Втори (пред фонтаната).

Мотото оваа година е „Дали е среќен 8 март?“, а се користат и актуелните хаштагови #сегакажувам#далиесреќен8март#женскиправа



Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.

Се гледаме на марш!