Лице кое живее со ХИВ и има недетектабилно вирусно оптоварување не може да ја пренесе инфекцијата

Вториот обединет суд на Атина едногласно донесе историска одлука, со која за прв пат категорично се усвојува пораката на научната заедница дека лице кое живее со ХИВ и има недетектабилно вирусно оптоварување не може да ја пренесе инфекцијата.    
 
Поточно, откако на 10.11.2017 завршил процесот на сослушување, Судот го прогласи за невино лице обвинето од страна на партнерката, со која имал повремени сексуални односи, на основа дека истиот се обидувал да ја зарази со ХИВ преку наводен незаштитен сексуален однос. Исто така, Судот како некомпромитирачки елемент ја прифатил одлуката на обвинетиот да не го открива ХИВ-позитивниот статус на повремената сексуална партнерка, со оглед на тоа што од клучно значење за неговото ослободување или прогласување за виновен е фактот дека тој ги презел неопходните мерки на претпазливост и третман со цел да не го подложи на ризик лицето со кое има сексуални односи.       

Со оглед на фактот дека лицето примало редовна и стабилна терапија и во текот на индикативниот период неговото вирусно оптоварување постојано се движело под детектабилната граница (<20 копии/мл), додека според научните истражувања, кај лице кое живее со ХИВ и прима терапија преносот на вирусот се намалува за 96%, Судот утврди дека објективната и субјективната природа на обвинението за обид за повторено нанесување на тешка телесна повреда не е исполнета , како и за обид за повторено нанесување на тешка телесна повреда со можна умисла.   
 
Ваквиот прогон, извршен во август 2012 година, зазел пошироки размери – без докази и со катастрофални последици за јавното здравје – односно криминализација на ХИВ, кога целта на тогашната политичка власт биле луѓе што употребуваат психоактивни супстанци, како и транс луѓе, обвинети за истото кривично дело, кои на крајот биле ослободени од судските органи.
 
Случајот е преземен од страна на организацијата Центар за живот (Centre for Life), кој на обвинетиот му понуди бесплатна правна поддршка во текот на целата судска процедура