Креативно - едукативна работилница на тема „Информираност и дрoги”

ХОПС организира креативно - едукативна работилница на тема „Информираност и дрoги”, која ќе се одвива во 4 сесии во текот на месец декември 2017  и јануари 2018.
 

Креативно - едукативната работилницата ќе се состои од :
  • Едукација за Психоактивни супстанции со акцент на Информирање за дроги, како вовед во креативниот процес.  Едукацијата ќе ја води Д-р. Давор Смиланов – едукатор од ХОПС.
  • Креативен процес фацилитиран од страна на Драган Китановски - Драш - Илустратор, дизајнер и графити артист; Емилија М. Ставрова – Ем Елефантски - Илустратор, дизајнер и фацилитатор од ХОПС Благородна Коцева Симјанов.
 Учесниците со помош на фацилитаторите низ креативен процес и дискусија на теми од интерес ќе дадат насоки за изработка на визуелни идејни решенија на тема „Информираност и дроги”. Ќе се стекнат со знаења и вештини поврзани со темата „Информираност за дроги“, со можност да го пренесуваат стекнатото знаење на нивните врсници. Учесниците ќе имаат шанса да се запознаат и дружат со двајца врвни креативци како и со нивниот начин на работа.
  • Првите 2 сесии ќе се оддржат во сабота, 23.12.2017 г. од 18:00-20:30 часот, во Просториите на ХОПС – Опции за здрав живот, Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, Скопје.
  • Уште 2 сесии ќе се оддржат во јануари, 2018 година, а точниот термин ќе биде дополнително договорен.