Контролата за дроги е неуспешна

Истражувач на политиките за дроги од Ванкувер веќе со децении прави напори за да федералната влада го регулира статусот со илегалните дроги како хероин и кокаин. Дон МекФерсон е автор на „Четири столба при пристапот до проблемите со дрогата во Ванкувер“. Сега 16 години подоцна и во средината на едногодишната јавна здравствена помош во B.C. во центарот на смртта од предозирање, МекФерсон продолжува со обидите за да ги убеди политичарите дека ова е единствениот начин за излез од кризата со предозирање.

“Јасно е дека се што правиме не функционира. Апсолутно е патетично дека ние не можеме да направиме било каков чекор надвор од оваа парадигма што ја поддржуваме со години и по цена на многу животи. “ МекФерсон говори за The Currrent’s Anna Maria Tremonti. 


Контролата за дроги е неуспешна

Во некој идеален свет, тој сака федералната влада да ја разгледа забраната за дроги и да се види ако може да се создаде подобар систем за регулација на дрогите. МекФерсон, кој што сега е извршен директор на Коалицијата за политики на дроги во Канада, вели дека многу од политиките се направени пред 50 години. Напоменува дека и покрај тоа што се направени големи чекори во креирањето на нови политики за важни социјални проблеми како што се истополови бракови и потпомогнато самоубиство, воопшто не се придвижуваме кон политиките за дроги. Цената за неправење никакви промени за да се надоградуваат и модернизираат законите за дроги ја плаќаат илјадници граѓани ширум Ванкувер со нивните животи.

“Како општество ние регулираме повеќе работи, ние го регулираме поседувањето, бројот на работни површини и алкохол и цигари. Зошто тогаш немаме избрано да го правиме истото со други помали категории на дроги е прашање кое што ме мачи уште од кога се инволвирав во ова поле. Што е тоа што не запира во движењето кон подобар систем? Иронијата на нашата стратегија за контрола врз дрогите е тоа што тие не ги контролираат дрогите” - МекФерсон.


Стратегиите за конторла на дрогата не функционираат

Не само тоа што овој систем има недостатоци, според МекФерсон, овој систем го прави спротивното при контролата на дрогите.


“Иронијата на нашите стратегии за контрола на дрогата е тоа што тие не вршат никаква контрола, тие всушност креираат бесплатен пазар кој што е менаџиран од страна на организирани криминални банди и кои што се на глобално ниво.„


Тој вели дека јавната здравствена заедница е обединета во повикот за да има пристап до дроги преку јавното здравство,но и покрај тоа политиките продолжуваат да се основуваат на забрани, и се додека е вака, организираните криминални банди ќе бидат главни играчи во животите на зависниците и повремени корисници на овие дроги. 

На прашањето: Дали дојдовме до крајот на патот? МекФерсон верува дека владата мора да наметне регулаторна рамка за проблемот со нелегалните дроги - “Го правиме тоа со канабисот и можеби треба да го правиме тоа со една по една дрога додека ги регулираме сите ”. - МекФерсон одговори на интервјуто на Аnne Penman.

 Можете да го чуете неговото интервју на овој ЛИНК.

Извор: http://www.cbc.ca