Конференција - „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание"

Ивица Цековски од ХОПС денес учествува на конференцијата „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание" во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ. Конференцијата има за цел да отвори дебата за подобрување на работата на Собранието преку механизми за граѓанско учество. Присутни се и сегашни и поранешни пратеници, претставници на меѓународната заедница и граѓанскиот сектор. 

Во периодот кој следи, ХОПС ќе работи поинтензивно со парламентарниот состав со цел унапредување на човековите права, здравјето и социо-економската состојба на сите граѓани, а посебно на оние од маргинализираните заедници.