Кокаин

Кокаин (Бензоилметилекгонин, кока, бело) е кристален тропански аклалоид со краткотрајно стимулативно дејство кој се добива од листовите на растението Еритроксилон Кока, кое традиционално се одгледува и употребува на Јужнoaмериканскиот континент уште од дамнешни времиња. Кокаинот е изолиран во 1855 година од страна на Германскиот хемичар Фридрих Гедке (Friedrich Gaedcke), и позната е примената на кокаинот во многу медицински гранки како психијатрија, стоматологија, анестезиологија и други. Зигмунд Фројд (Sigmund Freud) во третман на депресија користи кокаин во 1884 година. До поголема популаризација на рекреативната употреба на кокаинот доаѓа во во 70-тите и 80-тите години од минатиот век првично во САД, а потоа и во Европа и ширум светот. Кокаинот е најчесто употребуван илегален стимуланс во Европа според податоците во Европскиот извештај за дроги од 2015 година објавен од Европскиот Мониторинг Центар за Дроги и Зависности (The European Monitoring Centre for Drugs and Drug Addiction - EMCDDA) и втората најчесто користена илегална ПАС во светот после канабисот.

Кокаинот се среќава во форма на соли како бел прав и паста која се користи најчесто со шмркање назално, но и во форма на база како крек-кокаин кој се користи со пушење. Дејството започнува веднаш за неколку минути и трае од 30 до 90 минути кога се користи со шмркање. Кокаинот предизвикува интензивна еуфорија, будност, ментална стимулација, зголемува либидо, додека несаканите ефекти се забрзана и/или неправилна работа на срцето, покачен крвен притисок, дехидратација. Повремена рекреативна употреба на кокаин ретко предизвикува здравствени и ментални проблеми кај корисниците. Кокаинот не е невротоксичен за разлика од некои други стимуланси како метамфетамин. Потенцијалните штетни физички ефекти на кокаинот се од кардиоваскуларна природа како неправилна работа на срцето која може да биде сериозен ризик во високи дози. Редовна користење на кокаин со шмкрање преку нос - најпопуларниот метод на користење кокаин, може да има крајно негативни ефекти врз носната слузница, ноздрите и носната шуплина. Тие вклучуваат губење на чувство за мирис, кивавица, оштетување на носната слузница, рскавици и коски, крварење од носот, тешкотии при голтање, засипнатост, или хронично течење од носот. 

Кокаинот поради механизмите на делување не доведува до физичка зависност, сепак има силен потенцијал за создавање навика на користење и психичка зависност поради што многумина при честа употреба имаат потешкотии при одвикнување после прекин на користење. Толеранција на многу од ефектите на кокаин се развива со продолжена и повторна употреба поради што се јавува потреба за користење на повисоки дози за постигнување на оптимален ефект. По прекин од користење потребни се 3 до 7 дена за толеранција да се намали на половина и 1 до 2 недели да се врати на почетокот. Ако се прекине наеднаш по подолг период на користење, корисникот доживува состојба која се опишува како „психо-физички крах-кршење", заедно со голем број на други симптоми на повлекување вклучувајќи депресија, немир, анксиозност, промени во расположението, раздразливост, замор, несоница, параноја, чешање, но и интензивна желба за повторно користење. Овие симптоми може да трае со недели или, во некои случаи, месеци. Дури и по повлекувањето на симптомите, повеќето корисници чувствуваат потреба за продолжување на користење на кокаинот и тоа чувство може да трае со години и го достигнува врвот за време на доживеан моментален стрес. Кокаинот има потенцијал да предизвика привремена психоза, при што повеќе од половина хронични корисници на кокаин, пројавиле барем некои психотични симптоми во одреден временски период. Типични симптоми вклучуваат параноидни делузии дека се следени од некого, додека користењето на кокаинот е придружена со халуцинации кои го поткрепуваат нивното уверување. Во однос на смтоносната доза постојат податоци за лица со слаба толеранција на кокаин кои починале од многу мала доза кокаин (30 mg), додека толерантни корисници кои го користат секојдневно можат да издржат количини и до неколку грама дневно.

СОВЕТИ:
-    Не се препорачува користење на кокаин во високи дози и подолг временски период;
-    Доколку користиш кокаин со шмркање секогаш користи чисто цевче и не го споделувај со друг, и избегнувај користење на хартиени новчаници како цевче бидејќи е нехигиенско;
-    Не се препорачува користење на кокаин во комбинација со други стимуланси и депресанти како: мет/амфетамин, синтетски катинони, опиоиди, барбитурати, бензодијазепини, алкохол или други ГАБА-ергични супстанции поради ризик од предозирање;
-    Инјектирање кокаин секогаш носи дополнителни ризици како опасност од предозирање, пренесување на крвнопреносливи инфекции (ХИВ, хепатит Б и Ц) и други здравствени проблеми; 
-    Во случаи на користење на кокаин со инјектирање се препорачува примена на практики за намалување на штети и упатства и постапки за безбедно инјектирање на ПАС;
-    Најдобро е да се прават паузи помеѓу две користење (денови, недели) поради намалување на можноста за создавање толеранција, навика на користење и потенцијална зависност.

Изјава за одрекување од одговорност !!
Инфографиките се од едукативна природа, базирани на докази и немаат за цел потикнување на употреба на психоактивни супстанции (ПАС). Користењето на ПАС секогаш со себе носи ризици, затоа најдобро е да не се користат, но доколку се решиш да ги користиш добро информирај се за нивното дејство и како безбедно да ги употребуваш. Најдобар начин да се заштитиш од можните ризици и штетни последици при употреба на психоактивни супстанции, а воедно да ги потенцираш бенефитите е информирањето за дејствата, дозирањето, траењето, начинот на безбедно користење како и мешањето и интеракција со други ПАС и лекови
.