Кампања - „Луѓето кои користат дрога се битни“

По повод Светскиот ден на социјалната правда, денес на 20 февруари, организацијата Diogenis – Drug Policy Dialogue, започна кампања за подигање на свеста наречена „Луѓето кои користат дрога се битни". Кампањата ќе се одвива цела 2018 година и ќе се потенцира во избрани меѓународни/светски денови поврзани со човекови права и маргинализирани заедници. 

Во 2007 година, Генералното собрание на ОН, го прогласи 20-ти февруари како Светски ден за социјална правда, повикувајќи ги државите да ги поддржат напорите за искоренување на сиромаштијата, промоција на целосна вработеност и пристојна работа, родова еднаквости пристап до социјална благосостојба и правда за сите, со цел да се промовира развојот и човечкото достоинство.

Во овој контекст, кампањата „Луѓето кои користат дрога се битни" ја нагласува и ја промовира потребата за почитување на човековите права на исклучително ранливо и маргинализирано население, потсетувајќи нe сите нас дека лицата кои користат дроги не ги губат своите права како граѓани и човечки суштества.  В

Воедно треба да се потенцира неуспехот на постоечкиот меѓународен систем за контрола на дроги, кој е признаен за време на Специјалната седница на Генералното собрание на ОН за борба против дрогата (UNGASS 2016), каде е нагласено дека "луѓето треба да бидат во фокусот на меѓународните и националните политики за дрога" и ја истакна важноста на законските измени кои обезбедуваат безбедност, заштита, јавно здравје, почитување на човековите права и основни принципи на слобода за секое човечко суштество без дискриминација.

Целта на оваа кампања е намалување на стигмата и незнаењето кај општата популација и засегнатите страни, преку подигнување на свеста за недостатоците, бариерите, негативните ефекти и штетите што произлегуваат од долгорочната имплементација на репресивните политики и казнените мерки преземени за справување со светскиот проблем со дрогата.

Овие несакани ефекти предизвикани од неефикасни политики за дрога се сѐ поинтензивни и поистакнати од кога и да е, во период на длабока економска и социјална криза на глобално ниво: сиромаштија, бездомништво, исклучување од основните општествени добра, ограничен пристап до здравствена заштита, благосостојба и основни лекови, зголемени стапки на морбидитет и морталитет, ограничени можности за егзистенција, исклучување од можности за работа и бариери за развој на вештини, непропорционално казнување за прекршоци поврзани со дроги и нееднакво учество во социјалниот дијалог.

Со цел да се постигне целта, од најголема важност е лицата кои користат дроги да престанат да бидат маргинализирани и да добијат глас, еднаков пристап до можностите и услугите, како и учество во процесите на планирање, имплементација и евалуација на политиките и програмите за наркотични и психоактивни супстанции, како што е предложено со голем број меѓународни и европски насоки и препораки.  #PWUDcount