Кампања “Chase the virus, not people“

На крајот на втората деценија на XXI век, Источна Европа и Централна Азија, се регионите со најбрзо растечки стапки на епидемијата на ХИВ и смртни случаи поврзани со ХИВ/СИДА во светот.

Нискиот пристап до третман, репресивно законодавство, стигма и дискриминација на клучните популации, како и неподготвеноста на државите да финансираат и да се обезбеди одржливост на програмите за превенција во регионот на EECA, го попречуваат ефективниот одговор на епидемијата.

Одговорот на ХИВ во Источна Европа и Централна Азија ќе биде успешен само ако декриминализацијата, дестигматизацијата, нултата дискриминација се признати како клучни потреби на заедниците. Овие аспекти бараат сеопфатна поддршка од глобалната заедница, подобрени партнерства и итна акција од сите засегнати страни.


Како одговор на моменталната ситуација, сите мрежи на заедниците во регионот ги здружија силите во кампања насоченa кон привлекување на вниманието на целиот свет на конференцијата AIDS 2018, и на надминување на дискриминацијата и стигмата на клучните популации. Ова е клучен услов за ефективен одговор на епидемијата на ХИВ во регионот EECA.

Целта на кампањата е да се претстави на светот влијанието на репресивните, дискриминаторски закони, влијанието на стигмата против клучните популации и луѓето што живеат со ХИВ. Да се постигнат обврски за создавање на поволно правно опкружување и вклучување на клучните популации и лица кои живеат со ХИВ во процесите на донесување одлуки. Да се покажат негативните последици од намалувањето на меѓународната поддршка и да се побара глобална помош за мобилизирање на ресурси за стабилизирање на епидемијата на ХИВ/СИДА во регионот EECA.

Кампањата Chase the virus, not people“ се фокусира на  потребите на сите клучни популации и се фокусира на постигнување на сите цели посебно за секоја заедница. Клучниот атрибут на кампањата се лисиците, како симбол на ограничена слобода и акции. 

ОВДЕ може да прочитате како да се приклучите и ја поддржите кампањата. Секако ХОПС испрати поддршка и стана дел од кампањата. 

#chasethevirus

#chasevirus

#chasethevirusnotpeople

#chasevirusnotpeople