Како учениците гледаат на превенцијата на дрога во унгарските училишта?

Онлајн студија спроведена од страна на Drugreporter - на повеќе од 1100 ученици од Унгарија открива дека постојат сериозни проблеми со превенцијата на дроги во училиштата, која се спроведува претежно од полициски службеници со застарени методи и се фокусира на тактиката на заплашување и не вклучува многу интеракција со учениците.

Онлајн прашалникот е дистрибуиран (со помош на реклами на социјални медиуми) меѓу унгарските млади луѓе кои посетуваат средно училиште или имаат завршено средно образование во последните пет години. Имало 1133 валидни одговори. 95% од испитаниците биле на возраст помеѓу 14 и 25 години, од кои 50% девојчиња. Учениците биле од сите видови средно образование. Околу една четвртина од нив оделе на училиште во Будимпешта.

Според студијата, најраспространетиот метод за превенција на дрога кој се користи во унгарските училишта е предавање (пријавено од 85% од испитаниците) и гледање филмови (32%). Интерактивните методи како театарска игра/драма (10%) се многу помалку распространети, додека личното (4%) или семејно (3%) советување е реткост.  Повеќе од половина од учениците се изјасниле дека лицето кое ја доставува програмата за превенција од дроги било полицаец (54%), додека само 42% од испитаниците се изјасниле други социјални професионалци за спроведување на програмата.

Учениците при идентификување на програмите, кажале дека најголемиот дел од програмите се фокусираат на подигнување на свеста за опасностите од употребата на дрога (82%), информации за видовите и ефектите на дрогите (68%), подигање на свеста за забраната на супстанции (44%) и предавање на учениците како да кажете не на дрога (40%). Само мал број студенти пријавиле програми за побезбеден ноќен живот (30%), како да им помогнат на другите ученици со проблеми со дрогите (27%), намалување на штети (11%) или менаџирање на лични односи (9%).

Студијата покажува дека поголемиот дел од учениците веруваат дека програмата е веродостојна и лицето кое ја доставува програмата знае за што зборува. Сепак, 43% од учениците се согласија со изјавата дека програмата ги пренагласила штетите од дрога, а само 9% целосно се согласиле со изјавата дека со програмата го смениле своето мислење за дрогата. 47% одговориле дека не добиле никакви одговори на прашања што долго време ги окупирале. 32% се согласиле со изјавата дека програмата не е во согласност со нивните лични искуства, а 49% не се согласуваат со изјавата дека можат искрено да разговараат за нивните искуства.

Повеќето од учениците искажале негативни мислења за недостатокот на кредибилитет на програмата, застарените информации што ги добиле или застарениот пристап што го користеле ("дрогите се лоши"), перцепираната хипокризија на презентерот (се однесува на нивната сопствена правна употреба на дрога, како како тутун и кафе), недостатокот на доверливост (особено во случај на полициски службеници), фокусот на штети, недостаток на диференцијација помеѓу ризиците од различни дроги (како што се канабисот и хероинот) и фактот дека нема референца на можноста за одговорно користење на недозволени дроги и начините за намалување на штетите.

Многу испитаници ја критикувале програмата за превенција од дрога, бидејќи била едноставно здодевна и/или не е ефикасна, дури и ако била забавна. Оние кои изразиле позитивно мислење нагласиле дека програмата е забавна, интересна и интерактивна - вклучувајќи чесна дискусија за искуствата на учениците. Ова е во согласност со меѓународните стандарди за превенција од дроги кои нагласуваат дека програмите мора да бидат интерактивни и да создадат доверлива атмосфера. Се чини дека постојат програми за превенција на квалитетот во унгарските училишта - но тие се малцинство.

Извештајот ги поддржува тврдењата на организациите на граѓанското општество кои ја критикуваа унгарската влада за да им даде приоритет на службениците за спроведување на законот како носители на програми за превенција од дрога во училиштата. Владата создала систем за акредитација за училишните здравствени програми што им отежнува на невладините организации да влегуваат во училиштата со своите програми - но овој систем не се однесува на програми кои ги води полицијата. Пстојат неколку псевдонаучни иницијативи во училиштата, вклучувајќи програма што ја води Црквата на Скиентологијата, која исто така влегува во училишта без акредитација. Иако владата тврди дека го зголемила буџетот за превенција, квалитетот на повеќето од овие програми е дискутабилен.

Ивзор: DRUGREPOTER и Питер Сароси