ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ПЛАКАРОТ?

Оцена и процена на застапувањето за подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје
  
Во овој документ се изнесени оцените од активностите за мониторинг и застапување од/во заедницата за подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје кои се финансираат од државниот буџет. Дополнително, извештајот ги утврдува пречките и предизвиците за развој на активизмот кај луѓето кои се лекуваат од зависности од дроги и дава препораки за нивно надминување.
Иако во Македонија не постои поддржувачка околина за развој на „грас рут“ (grass root) активизам меѓу луѓето кои се лекуваат од зависности од дроги, мониторингот и застапувањето создадоа плодна основа за развој на граѓанската свест во оваа заедница и за поттикнување на активистичкиот дух. Почетната основа може и треба да се искористи за понатамошен развој на активистичкиот дух и за создавање критична маса која ќе може да предизвика поголеми промени за подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги.