Избрани најдобрите новинарски статии

Заврши јавниот повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.

Повикот беше отворен за сите новинари од печатените и електронските медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии. 

Првонаградената новинарска статија е на Елица Бочвароска со нејзиниот натпис „Државата не дава пари за ХИВ тестирање, ќе расте бројот на болни од сида“ и второнаградената новинарска статија е на Емилија Петреска.  „Со ХИВ се живее, но молчењето и стравотсоздаваат стигма.

Им честитаме на наградените за одличните статии.