Ивица Цековски на 60-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги на ОН

Од 13 до 17 март 2017 година во Виена се оджува 60-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги (КНД) – највисокото тело на Организацијата на Обединетите нации надлежно за креирање на светските политики во оваа област. 

Во рамки на оваа средба, претставникот на ХОПС, Ивица Цековски, денес зборуваше на панелот „Заштита на правата на младите луѓе во рамки на политиките за дроги, според меѓународните регулативи“, ко-организиран од Помпиду групата на Советот на Европа и YODA - мрежата на организации за активизам околу дроги. 

Неговото излагање ги идентификуваше предизвиците со кои се соочуваат земјите во југоисточна Европа во спроведување на обврските превземени со Политичките декларации за дроги од 1998 и 2009 година, како и Резолицијата 58/2 од сесијата на КНД во 2015 година за обезбедување на сеопфатни програми за лекување, грижа и ресоцијализција на деца и млади кои употребуваат дроги кои се базирани на докази. Помеѓу другото, ситуацијата во Македонија беше презентирана преку неколку студии на случај. 


На панелот зборуваа: 

Јан Стола од Полска за прекршувањето на правата на младите преку масовни полициски акции за претресување и отворњање на постапки за поседување на минорни количини на психоактивни супстанции во земји каде личната употреба на дроги е високо криминлизирана.

Ирена Молнар од Србија за растечките ризици од нови психоактивни супстанции и недостатокот на адекватни програми за намалување на штети од рекреативна употреба на дроги.

Кели Пара Алба од Велика Британија за предизвиците на формалните и врсничките програми за едукација и превенција.

Томас Кату – заменик секретар на Помбиду групата на Советот на Европа – потребата за соработка меѓу владиниот и граѓанскиот сектор кон унапредување на националните и меѓународните политики и практики поврзани со употребата на дроги меѓу децата и младите. 

Заклучоците и препораките од панелот ќе бидат пренесени на пленарната сесија на Комисијата за наркотични дроги.