Искоренување на сиромаштијата драматично ќе ги намали случаите на туберкулоза

Девет научници и креатори на политики, спроведоа истражување за испитување на инциденцата на ТБ во 192 земји. Заклучоците се постигнати преку набљудување на врските помеѓу луѓето кои живеат со помалку од 1,90 долари дневно и опфатот на разни социјални програми во секоја земја. 

Повеќе од 95% од смртните случаи од ТБ се случуваат во земјите со низок и среден приход, така што поврзаноста помеѓу сиромаштијата и ТБ се потврдува. Сепак, истражувачите велат дека најновите откритија се значајни во обезбедувањето на нови докази за поврзаноста.

„Оваа студија е важна за да покажеме дека превентивните мерки имаат големо влијание" -  Даниел Картер, истражувач од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Ние имаме тенденција да се занимаваме само со пациенти со ТБ кога веќе се болни, но тоа не е доволно за да се елиминира ТБ. Намалување на сиромаштијата, би можело да биде исто толку ефикасна во справувањето со болеста, како лековите и вакцините ".



Картер, коавтор на студијата, додаде: „Науката е секси, но елиминацијата на сиромаштијата не е. Ако биомедицинската алатка требаше да ја покаже истата ефикасност за ТБ, таа веднаш ќе се спроведеше, но проширувањето на социјалните програми бара повеќе политичка волја и амбиции од страна на здравствените и развојните лидери."

Туберкулозата е меѓу првите 10 причини за смрт во светот. Во 2016 година, 10,4 милиони луѓе се разболеле од туберкулоза и уште 1,7 милиони умреле од оваа болест. Бактериската инфекција главно влијае на белите дробови и може да се шири преку вдишување на мали капки од кашлање или кивање на заразено лице. Постои вакцина за ТБ, но има ограничена ефективност. Земјите што се погодени од болеста се Индија, Кина, Филипини, Пакистан, Нигерија и Јужна Африка.

Во 2015 година, Светската здравствена организација, за прв пат повика на стратегии за социјална поддршка и намалување на сиромаштијата за лицата со ТБ. Сега научниците велат дека постои сè поголем доказ дека социјалните програми го олеснуваат товарот во некои региони. Картер признава дека лековите и вакцините за ТБ играат важна улога, но додаде: „Искоренувањето на ТБ никогаш нема да биде во врска со ДНК секвенционирање или пократки режими на лекови. Биомедицинските иновации заземаат пари и време, две работи кои ги немаат пациентите со ТБ.

„Политиките за борба против сиромаштијата се достапни сега и доказите сугерираат дека тие работат. Битката за ставање крај на ТБ не е само против патоген, туку идеологија ".- Том Вингфилд, клинички предавач по инфективни болести на Универзитетот во Ливерпул.

„Неодамнешната глобална стратегија за контрола на туберкулозата е несразмерно фокусирана на лекови и тестови, наместо да се справи со социјалните причини за епидемијата на ТБ". - Вингфилд, кој собира докази за поврзаноста помеѓу намалувањето на сиромаштијата и туберкулозата во сиромашните градови во близина на Лима, Перу, заедно со истражувачката група за Иновации за здравство и развој. Тимот ги испитува скриените трошоци во домаќинствата погодени од ТБ, вклучувајќи патувања до клиники, храна и изгубени приходи. Кога трошоците надминуваат една петтина од годишниот приход на домаќинството, пациентот е поверојатно да се откаже од третманот или да умре.

„Нашите наоди идентификуваа клучен фактор објаснувајќи зошто лековите сами не ја контролираат ТБ. Како одговор ние обезбедивме социјална и финансиска поддршка за погодените домаќинства - банкарски трансфери до 40 долари месечно и посети од нашите истражувачки медицински сестри. Интервенцијата беше успешна. Поддржаните пациенти со ТБ биле со значително поголеми шанси да го завршат лекувањето или да бидат излекувани, а нивните деца со поголема веројатност да земаат лекови за да се спречи туберкулоза. " - Вингфилд