ICRSE го осудува силувањете и нападот на ЛГБТ активистката Кемал Ордек и повикува на крај на насилството против трансексуалните работници/-чки

Еден од основачите/-ките на задружението „Црвениот Чадор“ организација за сексуално здравје и човекови права Кемал Ордек, била силувана во нејзиниот дом.

“Толку е тешко да се напише ова, кога моето тело и душа ме болат.

Се што сакам е да врескам. Сакам луѓето да ме слушнат, а потоа сакам да се скријам во еден агол и да се отцепам од овој свет.

Колку пати едно лице плаче по сето она што се случува? Колку пати едно лице се тресе и трепери кога помислуваат на она што се случи?

Четири години сум ангажирана за заштитата на правата, да се донесе до видливост кршењето на правата на ЛГБТ заедницата и сексуалните работници/-чки со кои се соочуваат секојдневно. Значи тоа не е дека јас не знам што е тоа. Знам што значи дискриминација и насилство.

До денес сум била претепана двапати и хоспитализирана. Сум била силувана двапати. Знам многу добро што значи силување, доминантниот начин на машкоста се спушта врз мене, и болката да се биде во средината на беспомошност, сама“ - Кемал Ордек.

Исповедта на Кемал: линк.

ICRSE длабоко жали и се гневни поради насилниот напад против ЛГБТ активист и трансродна сексуална работничка Кемал Ордек, воедно основачка на задружението „Црвениот Чадор“ организација за сексуално здравје и човекови права, како и нејзината злоупотреба од страна на турската полиција.

Насилството врз трансродните луѓе во Турција е на високо ниво, со 37 убиства меѓу јануари 2008 и декември 2014 година. Насилството врз транс сексуалните работници/-чки низ целиот свет е добро познат феномен. TGEU неодамна објави инфографик нагласувајќи дека најмалку 65% на убиените трансродни луѓе, биле сексуалните работници/-чки.  (линк)

Сепак, трансексуалните работници/-чки кои доживеале напади не можат да пристапат до правни услуги, поради стигматизација и дискриминација од страна на властите, кои често се иницијатори  на насилство врз трансескуалните работници/-чки.

ICRSE ги повикува турските власти да сторат се што е во нивна моќ за да се борат против насилството врз транс сексуалните како и подржувачите на ЛГБТ  заедницата да не ги исклучуваат  ЛГБТ сексуалните работници/-чки. ICRSE се надева дека ЛГБТ подржувачите, по успесите во однос на еднаквоста на бракот  ќе се фокусира на справување со насилството и криминализација на транс луѓето.

„ХОПС“ го осудува насилството врз трансродните сексуални работници/-чки и повикува на солидарност и подрршка до Кемал Ордек и трансродната заедница во Турција.