Христијан Јанкуловски го отвори 39 состанок на Одборот на Глобалниот фонд

На 9 мај, во Скопје, Христијан Јанкулоски извршниот директор на ХОПС и член на делегацијата на Глобален фонд, ја отвори 39-тата средба со палење свеќи во спомен на оние кои починале од предозирање од дроги. Христијан се осврна на живототите изгубени од трите болести, За кои Глобалниот фонд се бори за искоренувње:  ХИВ, ТБ, маларија, воедно потенцираше дека мора да се чуе гласот и да се поддржат сите оние кои се засегнати од оваа проблематика. 

„Ја палам оваа свеќа во спомен на двајца луѓе кои инјектираат дрога, кои починаа пред само неколку недели од предозирање. Клиниката за опоидна терапија е затворена, и додека адвокатите во нашата изборна единица лобираат во Министерството за здравство за повторно отворање, месеци помина без било каква акција. Како резултат на тоа, две лица кои немаa метадонска терапија за неколку месеци, луѓе познати на нашата заедница, починаа од предозирање.

Овој тренд го гледаме во сите региони. Во случаи кога земјите одеа во транзиција премногу брзо, или во земји кои воопшто не ги исполнуваат условите за поддршка на Глобалниот фонд и кои сега се соочуваат со хуманитарни катастрофи, гледаме луѓе изгубени или раселени. Во повеќе земји, казнените закони им штетат на клучните популации и затворањето на граѓанскиот сектор значи дека не можат да формираат невладини организации за да им се слушнат нивните гласови.

Нашата изборна единица го претставува домашното граѓанско општество на фронтот на епидемиите. Ние ги носиме луѓето на операции, во болниците,  на телефоните сме во сите часови на денот и ноќта, се залагаме за лекари, медицински сестри и за спроведување на законот. Видовме вистинска разлика која Глобалниот фонд може да ја направи. Сепак, секој ден губиме луѓе од предозирање и од трите болести. Источна Европа и Централна Азија е единствениот регион во светот каде епидемијата на ХИВ расте. TБ останува огромно прашање, XDR-TB е во пораст, како и отпорноста на лекови. Кога нивните гласови се замолчени, должност ни паѓа на сите да зборуваме за нив.

Ја палам оваа свеќа во спомен на починатите колеги.  Застанете и придружете ми се во молкот.“ - Христијан Јанкулоски