ХОПС - Опции за здрав живот објавува оглас за работно место

​Здружението ХОПС-Опци за здрав живот Скопје за потребите на проектот “Prevention of HIV transmisions and drug use among resident population in the cros-border area” финансиран од страна на ЕУ објавува оглас за Проект менаџер/ка
 
Локација: Скопје
 
Времетраење на ангажманот: 24 месеци
 
Детални информации за потребни документи можете да најдете на следниов линк.
 
Клучни работни обврски:
Главна улога на проектниот менаџер/ка е да обезбеди ефикасна и ефективна имплементација на проектот согласно временската рамка и предвидените цели, преку:
1. Анализа и известување за развојот и имплементацијата на проектот;
2. Интензивна комуникација со проектниот тим, донаторот, локалните партнери во
Куманово, Тетово и Гостивар и партнерите од Косово;
3. Следeње на имплементирањето на сите активности, буџетот и трошоците на проектот;
4. Изработување периодичен, годишен и финален програмски извештај за проектот;
5. Учество во периодична, годишна и крајна евалуација на проектните активности и
резултати;
 
Потребни квалификаци:
1. Завршено високо образование;
2. Минимум 3 годишно работно искуство во раководење со проекти финансирани од
меѓународни донатори;
3. Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена професионална
кореспонденција);
4. Искуство во водење проекти финансирани од ЕУ, организирање на настани и работа на
полето на ХИВ ќе се смета за предност.
 
Секоја заинтересирана личност треба да поднесе:
1. Копија од универзитетска диплома;
2. Кратка биографија;
3. Детали од работните обврски по позици во последните 3 години;
4. Писмо за мотивација;
5. Референци од претходни работни места.
 
Вашите документи можете да ги испраќате на електронска пошта: hristijanj@hops.org.mk најдоцна до 08.11.2014 година до 17:00 часот. Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на
интервју кое ќе се одржи на 11 и 12 ноември 2014 година.