ХОПС и Мрдни со прст заедно со Сашко Коцев и голем број на македонски уметници организираа успешна хуманитарна аукција за дечиња од ХОПС  

Скопје 13.04.2016
 
Насмеани лица, убава атмосфера, преполна Јавна Соба, Сашко Коцев во елемент и дарежливи познати македонски уметници, дизајнери и писатели. Ова беше сликата во вторничката вечер кога мрдавме со прст за децата кои доаѓаат во центарот за ресоцијализација и рехабилитација во ХОПС. Целта е постигната! Освен што се продадоа сите дела,  се собраа 295.692 денари.

„Треба да се мрдне само со еден прст за да придонесеме многу! Замислете пак целите да се внесеме во нешто, а мрдањето со прст да биде само почеток? Ние вечерва ќе започнеме да мрдаме со прсти и се надевам дека на проблемите ќе им „брцнеме“ во око! Вечерва имаме уметнички дела на наши уметници и дизајнери, но и дрес од Горан Пандев, бидете подготвени да се наддавате бидејќи на дечињата од ХОПС им е потребна нашата помош“, изјави Сашко Коцев во преполната Јавна Соба на почетокот на јавната аукција. 

Вечерта започна со диџеј Цако кој ја загреа атмосферата и ги размрда присутните кои уште од самиот почеток беа подготвени за одлична забава. По краток говор на Христијан Јанкулоски, извршниот директор на ХОПС кој се заблагодари на сите присутни за нивното мрдање со прст за проблем кој многу дечиња ќе ги оставеше без потребната грижа, започнаа гласната аукција на уметничките дела со Сашко Коцев. Паралелно со гласната аукција, траеше и тивката аукција каде луѓето на лист хартија се наддаваа за сликите, фотографиите и изработените дела. 

Уметниците кои што се вклучија во хуманитарната акција: Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Александар Матовски - Цако, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска, Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Dreadpen, Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво, Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Р, Ирена Мила, Никола Пијаманов, Крсте Анастас Глигорјадис и Галерија Анагор, Маноли Динковски, Верица Пиперевска, Љупчо Бојаров, Александра Петкова Џианели, Коста Клифов, Мартин Велковски, Стефан Стефанов, Наташа Милованчев, Светлана Динковски.

По успешната аукција, вечерта продолжи со DJ Goce SAF кој буквално ги размрда сите на подиумот во преполната Јавна Соба. Хуманитарната аукциска вечер со познати уметнички имиња беше наменета дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.
„Како недостиг на финансии имавме голема потреба да мрднeмее со прст и да направиме хуманитарна аукција со цел дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме повеќе социјални активности и  посети на културни настани, изјави Ирена Мила од ХОПС. Сега можеме да реализираме многу заеднички родендени, работилници и случувања.


ХОПС и Мрдни со прст се благодарни за сите хумани и свесни луѓе. Зошто сакавме да сме транспранетни затоа имаме да ве известиме дека вкупно 187.850 денари се осбрани од јавната аукција.

  • „Дрво“ - Слика од дете од центарот  -   6.250 денари.
  • „Куќа“ на Мартин Велковски - 7.200 денари.
  • „Мозаик - огледало“ изработка од децата од центарот - 7.500 денари.
  • „Богородица“ - Маноли Динковски - 3.100 денари.
  • „Споки“ - Иван Петрушевски - 8.200 денари.
  • „Илустрација“ на Вања Штркова - 8.000 денари.
  • „Дрес од Пандев“ од ФФМ -  4.600 денари.
  • „Еден топол ден“ од Ненад Толкин - 3.000 денари.
  • „Изненадување“ од Гордана Вренцоска - 7.000 денари.
  • „Жена“ од  Симона Манчевска - 6.500 денари.
  • „La femme“ од Анастасија Величковска - 9.000 денари.
  • „Некој не чува“ од Тони Попов - 12.500 денари.
  • „Црвениот Град“ од Ване Костуранов   32.000 денари.
  • „Зајдисонце“ од Никола Пијанманов  - 11.000 денари.
  • „Дрво на животот“  од  Љупчо Бојаров -12.000 денари.
  • „Интимна геометрија“ од  Јана Јакимовска 12.500 денари.
  • „CAPRI“ од Зоран Кардула - 37.500 денари.
Од тивката аукција заедно со директната продажба и кутијата за донации се собраа 106.842 денари
  • Индог, Горан Костовски   „Celebrete life“ - 2500 денари.
  • Вања Штркова - илустрација 2500 денари.
  • Катја Штркова „In textures“ - 3000 денари.
  • Ирина Тошева капче и две лептирки 2800 денари.
  • ФЛИМ „Пиле 1“ и „Пиле 2„ 4400 денари.
  • Влатко Деков „Блиску до Лисабон“ 1100 денари.
  • Wanda Kujawiak „Прозорец“ 1500 - денари.
  • Ани Би „КИМ“ - 700 денари.
  • Ненад Тонкин „Дрво“ - 2000 денари. 
  • „Синото и другото“ - 3150  денари.
  • Елена Фиданска „-13 во Прага“ - 800 денари.
  • Дејан Бошковски    „Преспанско езеро“- 1000 денари.
  • Dreadpen маици - 1600 денари.
  • Ем Елепфантски - 3200 денари.
  • Лилика Стрезовска „How she lives in your blood“ - 1000 денари.
  • Скопско астрономско друштво  и Мартин Стојановски „Преспанско езеро“ - 1000 денари.
  • Скопско астрономско друштво  и Мартин Стојановски „Аурора бореалис“ - 1000 денари.
  • Александар Наумчевски „Happy city“ - 1500 денари.           
  • Марија Трпеска: „Портрет“- 1700 денари, Мозаик“-  1500 денари.
  • Ирена Мила: „Лисабон“ 1000 денари, „SHE“ 1300 денари.
  • Верица Пиперевска „Dream Big“ 3500 денари.
  • Александра Петкова Џианели „Нигела“ -2400 денари.
  • Коста Клифов „Замок во морето“ - 6000 денари.
  • Благородна Коцева Симјанов „Ламба“ - 3600 денари.
  • Мозаик срце - 1500 денари.
  • Мозаик круг -  2000 денари.
  • Ваучер од Театар за сите во вредност од 9000 денари.
  • Свтелана Динковски 3500 денари.
Граѓанската иницијатива Мрдни со прст заедно со ХОПС ја организираа успешната аукциска вечер. Сите средства ќе бидат употребени исклучиво за активности за дечињата за кои ќе бидете транспраенто известувани за секоја наша акција.

Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.
 На овој ЛИНК може да го погледнете албумот од самата аукција.