ХОПС дел од 40-ти Интернационален Медицински Научен Конгрес

Од 1977 година Здружението на студенти по медицина од Македонија, организира Интернационален Медицински Научен Конгрес. Македонската асоцијација на Медицински Студенти и организацискиот комитет секоја година  обезбедуваат разновидна и интересна програма, научна и социјална.

Годинава се приклучи и Здружението на млади лекари на Македонија како ко-организатор и партнер во организацијата на Конгресот.

Оваа година е 40-годишнината на конгресот, тоа е и причината за одржување на нов 3 дневен конгрес во главниот град на Скопје во хотелот Континентал  во периодот од 12 - 15 мај 2017 година.

На 13-ти мај од 19 часот и 15 минути ќе имаат свое излагање и извршниот директор на ХОПС, д-р Христијан Јанкулоски и м-р; д-р Ивица Цековски. Темите на кои тие ќе говорат е „Употребата на медицинскиот коноп“ и „Спречување на сексуално преносливи болести (ХИВ) помеѓу сексуалните работници и корисниците на дрога“.

Целата агенда можете да ја видите тука.