Хомосексуалните бракови во Индија, повеќе не се казнено дело

Пет судии на Врховниот суд во Индија, се изјаснија дека хомосексуалноста повеќе не е злосторство и не е ментално растројство. 

Врховниот суд ја поништи својата одлука од 2013 година и делумно ја урна одредбата 377, т.е контроверзниот закон од британската ера, кој го забранува консензуалниот геј секс. Забраната е ирационална, неоправдана и очигледна арбитрарна, рекоа судиите. "Прифатете ме како што сум", кажал главниот судија на Индија, Дипак Мисра.

Судот пресуди дека дискриминацијата на основа на сексуална ориентација е темелно кршење на човековите права. 

Поборниците за легализација на ЛГБТ правата, ја дочекаа пресудата со силни овации пред судот.