Холандската влада финансира Јутјуб канал за едукација за дроги - Drugslab

На Јутјуб има видео серијали каде што можете да гледате, како три атрактивни млади луѓе, домаќините Нели Бенер, Ренс Полман и Бастијан Розман во име на науката пробуваат дроги како екстази, спид, ЛСД и други дроги и говорат за нивните ефекти врз човечкото тело.

Каналот Drugslab има повеќе од половина милион претплатници и е поддржан од холандското Министерство за образование, култура и наука. Тој привлекува внимание, поради прикажување на ефектите од дроги кои се незаконски во многу други земји. Целта на Drugslab е да се промовира намалување на штети и едукација за дроги, преку вистински искуства. Целта не е да се поттикнуваат луѓето да користат дроги, туку да се едуцираат и да се запознаат луѓето со ефектите на овие дроги, поточно несаканите ефекти, опасностите и супстанциите што не треба да се мешаат едни со други.

Drugslab изгледа како училница по хемија од средно училиште, со лабараторија, табла и креди, каде ја вршат едукацијата за дроги. Видеата започнуваат со темелно објаснување за секоја дрога, потоа ја консумираат дрогата и  ги опишуваат ефектите на истата. Додека се снимаат овие едукациони видеа за намалување на штети, Drugslab ги има превземено сите чекори за безбедност при снимање. Според продуцентите на шоуто, сите употребени дроги се проверуваат од страна на Министерството за здравство за мониторинг на информации за дроги, секогаш е присутна медицинската помош како и тимот на Jellinek Prevention, институција за лечење од завиности. Тие се таму за да ги набљудуваат ефектите од дрогите.

Намалувањето на штети е белег на политиката за дроги во Холандија. Прекршок е доколку се произведува, поседува, продава, увезува или извезува дроги, но не и консумирање за лична употреба. Додека Холанѓаните имаат поголема преваленца на употреба на кокаин, амфетамин и екстази кај младите во споредба со остатокот од Европската унија, вкупната статистика за употреба на дрога не е запрепастувачка. Смртните случаи поврзани со дрога, се многу почести во САД: Повеќе од 52.000 луѓе умираат од предозирање со дрога во 2015 година, додека во Холандија, 16,5 на милион во текот на истиот период.

Холандските експерти за зависности и лекување, овие видеа ги препишуваат како резултат на поотворени ставови кон дрогите и фокусот кон намалување на штетит, со обезбедување точни и непристрасни информации, без осуда. Намалувањето на штетати исто така потврдува дека ставовите и акцијата кон употребата на дроги треба повеќе да се фокусираат на јавното здравје отколку на кривичната правда.