Хепатитот Ц е глобален јавно здравствен проблем ! Време е да се дејствува!

Приклучете се на глобалната иницијатива за подобрување на пристапот до превенција, третман и грижа за лицата кои употребуваат дроги и потпишете ја петицијата!

Во моментов, јавната свесност, системите за следење и достапноста на интервенциите за превенција на хепатит Ц, како и програмите за намалување на штети не соодветствуваат со реалните потреби на земјите во Еверопа. Услугите за скрининг и дијагностика не се насекаде подеднакво достапни за луѓето кои користат дроги. Најважно од се е тоа што многу малку внимание се посветува на решавање на стигмата и дискриминацијата со кои се соочуваат луѓето кои користат дроги, а уште повеќе луѓето кои инјектираат; ова е главната пречка за пристап до услугите и бара итна акција доколку се планира имплементација на ефективни политики и програми за хепатит Ц.

Време е да се поттикне единствен глобален одговор на епидемијата со хепатит Ц!

Време е да се дејствува СЕГА!