Хепатит - Размисли повторно!

На 28ми август, милиони луѓе ширум светот зедоа учество во кампањата на овогодишниот Светски ден на хепатит којашто се оддржа под мотото „Хепатит: Расмислете повторно”, со цел да ја подигнат свесноста за вирусниот хепатит и да повикаат на брзо делување од страна на владите и одговорните институции за подобрување на пристапот до лекување и програмите за превенција на хепатит Ц.
 
​Како дел од оваа кампања, погледнете го видеото од првиот ден на конференцијата што ХОПС - Опции за здрав живот Скопје ја организираше во периодот од 14ти до 16ти март оваа година, на тема „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дроги во Република Македонија – добри практики и предизвици“.
 
Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа и прашањата за следењето на податоците поврзани со преваленцата на хепатит Ц, за податоците за бројот на лица кои се на третман за хепатит Ц, како и за непријавување на случаите на хепатитис Ц во Република Македонија.