Хепатит: Размисли повторно!

На 28ми август, милиони луѓе ширум светот зедоа учество во кампањата на овогодишниот Светски ден на хепатит којашто се оддржа под мотото „Хепатит: Расмислете повторно”, со цел да ја подигнат свесноста за вирусниот хепатит и да повикаат на брзо делување од страна на владите и одговорните институции за подобрување на пристапот до лекување и програмите за превенција на хепатит Ц.
 
Како дел од оваа кампања, погледнете го видеото од првиот ден на конференцијата што ХОПС - Опции за здрав живот Скопје ја организираше во периодот од 14ти до 16ти март оваа година, на тема „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дроги во Република Македонија – добри практики и предизвици“. Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа и прашањата за следењето на податоците поврзани со преваленцата на хепатит Ц, за скринингот за добивање поголем увид во преваленцата, за податоците за бројот на лица кои се на третман за хепатит Ц, како и за непријавување на случаите на хепатитис Ц во Република Македонија.