Граѓански форум за ХИВ, хепатит и туберкулоза во Луксембург

Граѓаскиот форум за ХИВ, хепатит и туберкулоза го одржува својот полугодишен состанок во Луксембург каде преставник од ХОПС е Ивица Цековски. Освен редовното известување за новостите од земјите и за процесите на европско ниво, Форумот при оваа средба ги дефинираше и приоритетните области за своето делување во наредните неколку години:

  • Промоција на здравјето како приоритет во регионалните и соседските политики на ЕУ;
  • Универзален пристап до лекување за трите инфекции и достапност на дијагностика и лекови;
  • Справување со стигма, правни и регулаторни бариери и промоција на човекови права за сите;
  • Спроведување на комбинирана превенција.

ХОПС членува во ова советодавно тело на Европската комисија од 2014 година.