Годишен извештај на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија во својот годишен извештај, објави дека откако организацијата е основана во 2002 година, инвестициите за борба против најсмртоносните заразни болести на светот, спасиле повеќе од 27 милиони животи.  Во 2017 година, програмите поддржани од Глобалниот фонд дистрибуирале 197 милиони мрежи за комарци за спречување на маларија и помогнале да се обезбеди антиретровирусна терапија за 17,5 милиони луѓе кои живеат со ХИВ.

„Благодарение на континуираната двопартиска поддршка на Конгресот, Америка успеа да спаси 27 милиони животи преку Глобалниот фонд" - Крис Колинс, претседател на  Friends of the Global Fight Against AIDS, Tuberculosis and Malaria„Ова е извонредно достигнување, а тоа е можно поради фокусирањето на Глобалниот фонд на резултатите и одговорноста и преку нејзината соработка со билатералните глобални здравствени програми на САД, вклучително и PEPFAR, Претседателската иницијатива за маларија и програмата за туберкулоза на УСАИД".

Извештајот за резултатите од Глобалниот фонд за 2018 година, нагласува како партнерството меѓу владите, граѓанското општество, приватниот сектор и луѓето погодени од болестите продолжуваат со докажаните решенија за борба против сидата, туберкулозата и маларијата. Глобалниот фонд креира и инвестира скоро 4 милијарди долари годишно за да ги поддржи програмите што ги водат локални експерти во земјите и заедниците кои имаат најголема потреба.

Во извештајот се забележува одреден напредок во:
  • Катализирање домашни инвестиции. Политиката за кофинансирање на Глобалниот фонд ги поттикнува земјите-членки да инвестираат повеќе во локалните здравствени програми. Новиот извештај забележува зголемување на повеќе од 40 проценти во домашните ресурси за здравство меѓу земјите поддржани од Глобалниот фонд.
 
  • Борба против растечките закани на глобалното здравје и безбедност, вклучувајќи отпорност на лековите. Смртните случаи од туберкулоза отпорна на лекови, сега се околу една третина од сите смртни случаи на антимикробна отпорност во светот. Глобалниот фонд им помага на земјите да се борат против соеви на ТБ отпорни на лекови, со инвестирање во локални лабораториски инфраструктури и дијагностички капацитети.
 
  • ИНВЕСТИРАЊЕ ВО иновации и нови алатки, како партнерство со Unitaid, да пилотира нови мрежи против комарци за борба против отпорноста на инсектицидите во Африка.
 
  • Превенција од ХИВ инфекции кај адолесцентните девојки и млади жени, кои се со до осум пати поголеми шанси да се ХИВ позитивни, отколку младите мажи во некои земји во Африка. Оваа година, Глобалниот фонд започна инцијатива HER – HIV Epidemic Response за подобрување на здравствените услуги за младите жени и подобрување на пристапот до образование и информации.
 
  • Користење на средствата ефикасно и транспарентно. Глобалниот фонд е постојано високо оценет за исклучителни перформанси, транспарентност и влијание. Како глобално јавно-приватно партнерство, одговорноста е составен дел од работењето на Глобалниот фонд, од процесите на доделување грантови и набавки до управување со податоци и испорака на услуги.

„Глобалниот фонд покажа импресивни резултати, но новите закани би можеле да ги поткопаат овие достигнувања, освен ако не се здружиме со партнерите и ги зголемиме глобалните здравствени инвестиции", рече Џонатан Клајн, претседател  Friends of the Global Fight Against AIDS, Tuberculosis and Malaria и претседател на Getty Images.

Во 2019 година, Франција ќе биде домаќин на следната конференција за надополнување на Глобалниот фонд за да се соберат нови фондови и да се мобилизираат партнери со крајна цел да се стави крај на епидемиите на СИДА, туберкулоза и маларија.