Глобалниот фонд поддржа проширувањето на регионалeн проект за 14 земји, меѓу нив и Македонија!

На 21 септември, Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија го поддржа барањето за дополнително финансирање на нов регионален проект вреден 2,5 милиони долари. Благодарение на оваа одлука на Глобалниот фонд, проектот „Одржливост на услугите за клучните популации во регионот на EECA" вклучува уште 5 други земји во Југоисточна Европа меѓу кои и Македонија, заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Србија.

„Глобалниот фонд ќе го финансира проектот во максимален можен износ од 13 милиони американски долари. Проектот ќе се спроведува истовремено во 14 земји во регионот на Источна Европа и Централна Азија! Претходно не постоеше таков амбициозен и голем проект во регионот EECA. Следните три години ќе бараат многу напори од сите нас. Сепак, токму тоа ни е потребно! " - Андриј Клепиков, извршен директор на Сојузот за јавно здравје, кој е главен примател на новиот регионален проект.