Глобален преглед на услугите за проверка на дроги за 2017 година

Службите за проверка на дроги ги покануваат членовите на јавноста, анонимно да доставуваат примероци на психоактивни дроги за форензичка анализа, а потоа би добиле индивидуализирана повратна информација за резултатите и соодветни совети. Овие услуги се познати под многу имиња, вклучувајќи: проверка на дрога, анализа на улични дроги, тестирање на пилули, скрининг на дроги, тестирање на безбедноста на дрогите, услуги за проверка на дроги, притоа потврдувајќи дека постои недостиг на договор за терминологијата. 

Образложението за работа на овие служби е да ги информира луѓето кои ќе се одлучат да користат нелегални дроги или нови психоактивни супстанции (NPS), да бидат информирани во врска со содржината и чистотата на производите. Така тие ќе можат да направат одлука поткрепена со информации, за тоа дали да се користи дрогата или како да се користи. Овие услуги, исто така ги следат промените на пазарот на дрога и кога се идентификуваат особено опасни примероци на дроги, тие можат да издаваат приспособени јавни предупредувања и да ги информираат конкретните интервенции за намалување на штетата (Vidal Giné et al., 2017)

Во последно време, се појавуваат нови психотропни супстанци, но воедно се забележува и зголемување на чистотата на супстанции кои обично се користат за ноќните забави, вклучувајќи МДМА и кокаин. Паралелно, се појавуваат и услуги за проверка на дрога на глобално ниво. Последен пат направен суштински преглед на услугите за проверка на дрога, е во 2001 година (Kriener et al., 2001) и овој преглед ги опфатил само европските земји. Сега има краток ажуриран извештај објавен од ЕМЦДДА, дополнет со информации за новите аспекти на услугите за проверка на дрога.

На хипер линкот можете да го прочитате извештајот како и профилите на организациите кои тестираат дроги!